Новости

Психологија

Брене Браун: Најдобриот начин да се реши недоразбирање

Некогаш луѓето се лутат меѓусебно со причина, но често лутината е резултат на недоразбирање. Кој е најдобриот начин да се реши тоа недоразбирање? Да се објасните себеси. Професорката Брене Браун има решение кое се состои од 6 збора. Започнете ја реченицата со: „Приказната што ја измислувам е…“ и продолжете понатаму. Ќе бидете изненадени колку брзо лутината ќе исчезне.

Размислете за последниот пат кога имавте кавга со партнерот, бевте лути на шефот или бевте навредени од близок пријател. Колку од тоа било реално, а колку само замислено во вашата глава?

Кога кажувате некому дека измислувате приказна, прво си ја признавате на себеси. Кога ќе ги признаете измислиците во вашата глава, можете да започнете од нивниот почеток. Што ве натерало да размислувате така? Кои емоции стојат зад приказната? Еднаш кога ќе ги истражите приказните што ги измислувате, можете да ги предизвикате и да дојдете до реалната вистина. Истовремено станувате ранливи за другото лице. Изложувањето на непријатните емоции пред други лица може да ги натера и нив да го спуштат штитот. Така двете страни може да ја слушнат перспективата на другиот и да најдат решение на проблемот.

За подобро справување со приказните во вашата глава, Браун предложува да си поставите 3 прашања:

1. Кои се фактите, а кои се моите претпоставки?
2. Што треба да знам за другите вклучени страни?
3. Што навистина чувствувам? Која улога ја имам?

Ова може да доведе до неверојатни откритија. Можеби чувството на лутина доаѓа од длабоко чувство на вина, тага или страв. Не е секогаш пријатно да се испитуваат вистините што стојат зад нашите чувства, но е подобро отколку да се живее во постојан конфликт.

Извор:факултети.мк

GOLD
To Top