Новости

Психологија

Визионерско размислување

Зошто сме покреативни кога телото и умот не се согласуваат?…

Вообичаено имаме најдобра изведба кога умот и телото се синхронизирани. Кога нашите мисли се поврзани со нашите активности, одлуките се донесуваат побрзо, поангажирани сме и се чувствуваме едно со себе.
Иако доколку сакате да бидете покреативни понекогаш се исплатува да не се биде во синхронизација, според неодамнешна студија на Хуанд и Галински. Тие собраа луѓе кои се потсеќаа на среќните времиња во својот живот додека истовремено беа намуртени. Друга група се потсеќаа на тажните моменти додека се смееа. Идејата беше мислите да се пуштат во една, телото во друга насока.

Во две напоредни групи, на учесниците им беше нагласено да продуцираат согласна ум-тело состојба, т.е. среќно сеќавање плус среќно лице и тажно сеќавање со тажно лице.
Потоа, учесниците треба да донесат судови за тоа колку типични зборови припаѓаа на одредена категорија. На пример, колку типично возило е камилата? Колку типичен дел од мебелот е телефонот? Колку типичен зеленчук е лукот? Ова се полесните примери од секоја категорија споредени со повеќе вообичаени примери за автомобил, маса и компир.

Резултатите покажаа дека кога учесниците се наоѓаа во дисонантна состојба на умот (да се смеат додека размислуваат за тажни мисли) имаше поголема веројатност да ги проценат камилите, телефоните и лукот како релативно типичен пример за возило, дел од мебел и зеленчук. Од друга страна, оние чии мисли и тело беа кохерентни сметаа дека тие се поневообичаени примери за тие категории.

Исто така, учесниците во дисонантна состојба размислуваа поекспанзивно. Експанзивното размуслување е многу корисно во раните фази од креативниот процес. Тоа дозволува две претходни неповрзани идеи да се спојат заедно на нов и постоечки начин.

Како суштества од навика луѓето автоматски тргнуваат по истите патишта на размислување постојано. Затоа создавањето на нешто ново е толку тешко. Ум-тело дисонансата испраќа сигнал дека сме надвор од комфорната зона, дека се бара нов тип на одговор.

GOLD
To Top