Новости

Психологија

Дали сте зависни од работата?

Зависноста од работата станува зачестена појава и се смета како еден вид на пореметување(болест) за која луѓето многу често и не се свесни дека ја имаат.

Доколку препознаете кај себе некоја од следниве особини, постои голема веројатност дека сте зависник од работата(воркохолик).

1.Возбудени сте повеќе за работата отколку за семејството или пријателите.

2.Работите повеќе од 8 часа на ден.
3.Работата ја носите дома и ги поминувате викендите мислејќи на неа.
4.Работата го завзема најголемиот дел од Вашето време и претставува главна тема во сите Ваши разговори.
5.Своето хоби го претворате во начин за поголема заработувачка.
6.Вашето семејство и пријатели се одвикнале од Вашето присуство и престанале да размислуваат за тоа
дека барем еден ден ќе дојдете дома на време.
7.Станувате нетрпеливи кон оние кои имаат други приоритети во животот освен работата, или пак ве опоменуваат на таа тема.
8.Стравувате дека ќе останете без работа доколку својата енергија не ја вложувате исклучиво во неа.
9.Верувате дека повеќе пари ќе ги решат сите ваши проблеми.

 

GOLD
To Top