Новости

Психологија

Едноставни вежби за мозокот за подобрување на когницијата и моториката

Работата со раце е најдобриот тренинг за ментален развој, когнитивните способности и моториката, велат истражувањата.

Постојат вежби, кои според истражувањата можат добро да влијаат врз моториката на човекот и да му помогнат да се фокусира. Смирува, ги забавува рацете и делува одлично врз нашата меморија.

Прстите од десната дланка поставете ги во таков ред така што ќе ја направите буквата „V“ на латиница односно симболот за мир, а на левата дланка формирајте симбол за „ОК“. Потоа заменете ги симболите, така што буквата „V“ ќе биде на левата дланка, а „ОК“ на десната. Повторете го процесот неколку пати, но да ги правите симболите истовремено со двете дланки.

После подолго истражување спроведено од Универзитетот во Минесота, резултатите покажаа дека оваа банална вежба помага да изведеме повеќе задачи истовремено, а да не бидеме збунети или вознемирени додека ги правиме.

Исто така, постои вежба со цртање. Потребни ви се два лисја хартија и потребно е да ги ангажирате двете раце. Со едната рака нацртајте круг, а со другата триаголник.

На овој начин левата и десната хемисфера на мозокот се ангажирани да работат, а ќе бидете подготвени да извршите повеќе задачи истовремено во вашето секојдневие.

Извор: Факултети.мк

GOLD
To Top