Новости

Психологија

Едно прашање открива дали сте склони на неверство или не

Дали сметате дека тетоважите се привлечни?

Ова можеби звучи како сосема невино прашање, но според анализата на еден сајт за склопување бракови, според одговорот на истото, може да открие дали сте способни да извршите прељуба или не.

Истражувањето кое го спроведе сајтот Ashley Madison и во кое учествуваа повеќе од 3400 испитаници, покажа дека оние кои имаат тенденција да изневеруваат, сметаат дека тетоважите се атрактивни.

-Ова не значи дека самата тетоважа ја стимулира привлечноста, туку дека сигнализира потенцијал за поголема возбуда која луѓето не ја чувствуваат во својот брак, објаснува Тами Нелсон, секс терапевт.

Во суштина сè се сведува на тоа како се интерпретираат квалитетите на оној кој решил да направи тетоважа на своето тело. Резултатите покажуваат дека дури 42 проценти од оние кои вршат прељуба сметаат дека луѓето кои имаа тетоважа се далеку поспонтани од другите.

Освен тоа 27 проценти сметаат дека тетоважата олицетворува личност со поголема склоност кон сексуална авантура која е идеална за вонбрачна секс афера.

Сепак, кога се бара партнер или партнерка за неверство, дури 74 проценти од оние кои изневериле признаваат дека личноста не мора да има тетоважа, но секако би ја сметале за нешто бонус.

GOLD
SN Finansii
To Top