Новости

Психологија

Емоциите и човечкото однесување: Тајната на привлекувањето

Очигледно, истражувањата може да откријат зошто привлекувате некого и зошто некој ве привлекува. Се’ е до психологијата.

Доколку сте високи

Високите лица, особено машките, почесто имаат поголема заработка од оние пониските. Истото е и во љубовта. Повисоките мажи почесто излегуваат на љубовен состанок, покажува истражување.

Топло-ладно

Во еден експеримент во кој индивидуалците држеле студен и топол пијалок додека го оценувале карактерот на личноста спроти нив било откриено дека луѓето со топли чаши мислеле за личноста спроти нив дека е топла личност бидејќи мозокот им бил „кодиран“ да размислува така.

Насмевка

Едно истражување спроведено во Швајцарија открило дела луѓето и нивното мислење за атрактивноста на одредена личност е под влијание на интензитетот на насмевката на лицето од страна на личноста која се оценува. Веселите луѓе се сметаат за поатрактивни.

Доколку живеете во нивна близина

Битно е да се биде близок со некого емотивно, но треба да го привлечете и физички. Според еден експеримент, далечината на собите во студентските домови влијаела на чувствата помеѓу студентите. Колку поблиску – толку подобро.

Доколку не ви се допаѓа отпрвин

Луѓето ги сметаат за попривлечни оние кои не им се допаѓале на почетокот. Ова било докажано во истражување од 1972 година.

Доколку свирите

Докажано е дека свирењето музички инструмент ја прави личноста попривлечна за спротивниот пол, особено кога се работи за мажите.

Говор на тело

Затвореното држење на телото, со рацете во џебови и виткањето на рамениците испраќа порака за незаинтересираност. Застанете исправено за да имате поголеми шанси.

Доколку имате брада

Еден експеримент во Австралија покажува дека жените ги сметаат за поатрактивни мажите со кратка и ретка брада.

Гласот

Жените зборуваат подлабоко кога некој ги привлекува. Кај мажите е обратно.

Доколку си личите

Истражувањата го поништуваат мислењето дека спротивностите се привлекуваат. Партнерите кои се слични живеат поубаво.

Доколку имате куче

Жените сакаат мажи со кучиња. Тоа било докажано во истражувањето од страна на универзитет во Мичиген.

GOLD
To Top