Новости

Психологија

Емоционален вампир – како да го препознаете

Да, постојат и оние вампири кои не владеат само ноќе кога сите спијат. Тие не се имагинарни туку се вистински и ги среќаваме секој ден. Се работи за вистински човечки вампири кои го цицаат нашето трпение и често не фрлаат во депресија. Тие се – емоционални вампири.

Се работи за негативни луѓе кои секогаш се тука да ни го расипат расположението, себични се и сакаат да се занимаваат сами со себе. Бараат внимание и често без причина кривицата ја бараат во другите. Ако ви се случи да имате работа со емоционален вампир, најверојатно од прва нема да сфатите дека тешкотијата, потиштеноста и депресијата ви се токму заради еден таков Дракула во вашиот живот. Тие за жал не се филмски измислени ликови туку постојат во нашето секојдневие. Ги среќаваме дома, на улица, на работа…тие се насекаде.

Научете како да ги препознаете и како да се борите со нив. Поставете им веднаш граница и олеснете си ја работата уште од старт.

Многу вешто се снаоѓаат со зборови за да ја постигнат својата цел. Затоа што ни се блиски или имаат многу силна моќ на уверување, ги слушаме иако знаеме дека не треба. Тие со своето однесување ги поместуваат границите на нашата издржливост. Така наеднаш се наоѓаме во магичен круг и веќе не знаеме што да преземеме понатаму. Никакви аргументи или разговор нема да ни помогнат ако не знаеме како да се поставиме кон нив. Често после дружењето со нив не потиснува чувство на умор затоа што не „убиле“ со своите зборови или дела.

Откријте ги навреме!

За да ги заштедите своите нерви, откријте го Дракула навреме. Во спротивно, можно е да ви се случи да ја исцица цела позитивна енергија од вас и волјата за живот. Не можеме да ги бараме само во една категорија. За жал, тие се насекаде, без разлика на полот, возраста, расата, образование или вера. Прв симптом дека се работи за емоционален вампир треба да ви биде тоа што тие луѓе сакаат да се занимаваат само со себеси, оптоварени се со себеси и своите активности. Сакаат да озборуваат и да бараат кривица за своите проблеми во другите луѓе. Секогаш се полни со негативна енергија и во се гледаат нешто лошо. И на најсилните им се случува после некое време дружење со таква личност да дојдат до состојба на тешкотија и депресија.

Иако ни се чини дека никако не можеме со нив да излеземе на крај, тоа секако не е вистина. Можеме да научиме да се носиме со нив, само е битно навреме да се препознаат и да се поставиме кон нив со јасни граници до кои ќе се држите.

Немојте да им попуштате!

Тие од партнерот бараат љубов во неограничени количини, секогаш бараат уште, се додека другата страна не сака ништо за возврат. Не сакаат да ги покажат своите емоции. На светот околу себе имаат поинакво гледиште од повеќето луѓе. Не ги знаат правилата на убаво однесување. Често се случува кога ќе им кажете се в лице да исчезнат бидејќи не знаат да се носат со тоа и бараат можна нова жртва.

 

Спротивставете им се!

И на тој начин да ги поставите границите. Водете се од тоа и немојте да попуштате. Важно е да знаете дека кај нив критиките не функционираат. Најдобар начин е нивното лошо однесување да го игнорирате. Наградете го сето она што е добро, зборови или дела. Во глобала, повремено игнорирајте ги. Не се работи за злобни туку за незрели личности кои не се во состојба да го видат своето лошо однесување. Затоа е битно вие тоа да го воочите.

savjetnica.com

GOLD
To Top