Новости

Психологија

Емоционалното однесување е зависно од нашата цревна флора

Цревна флора – светот на бактериите кои живеат во нашиот дигестивен систем. Не постои само за да не боли стомак или само за тука да се вари храната. Се поголем е бројот на истражувања кои покажуваат дека микробите во цревата имаат големо влијание на нашето однесување, потенцијално вклучувајќи ја и нашата реакција на страв.

Новото истражување од Универзитетот во Калифорнија се чини дека има пронајдено докази за уште една необична врска помеѓу стомакот и мозокот. Имено, дел од цревните бактерии се чини дека е поврзан со областа на мозокот која е поврзана со расположението и општото однесување. Ова е прв пат такви механизми да се пронајдат кај здрави луѓе.

Претходните студии покажаа дека емоционалните реакции кај глодари, вклуцувајќи ги и оние кои патат од анксиозност и депресија, варираат зависно од содржината на цревни бактерии, односно цревната флора. Оваа врска треба дефинитивно да се демонстрира кај луѓе, а ова истражување тргна токму во тој правец.

Еден тим од научници собрал фекални примероци од 40 различни жени. Додека се изработувале профили од фекалната материја, истите жени биле поврзани со скенер за магнетна резонанца и им биле покажувани фотографии од поединци, животна средина, ситуација или објекти, дизајнирани за да предизвикаат емоционални реакции.

Како што е објаснето во списанието Psychosomatic medicine, тимот утврдил дека постојат две главни групи на бактерии кои имаат влијание на конституцијата на мозокот.

Првата група на бактерии, Prevotella, е пронајдена кај седум жени. Нивниот мозок покажал поголема поврзаност помеѓу региите одговорни за емоции, внимание и чувства, и имаат помал и помалку активен хипокампус.

Овие жени имале искуство на длабоки негативни емоции, вклучувајќи ги и оние врзани за болката и анксиозноста, при гледање на негативни фотографии.

Втората бактериска група – бактероиди – била доминантна кај преостанатите 33 жени. Како резултат на тоа, имале доста различен мозок. Фронталниот кортекс и инсулата имале повеќе сива материја од првата група. Хипокампусот на тие жени бил со поголем волумен и повеќе активен. При прикажување на фотографии на овие жени било помалку веројатно дека ќе доживеат негативни емоции.

Ова истражување е несомнено фасцинантно, но како и кај многу други студии, ова само покажува дека постои силна корелација помеѓу однесувањето и микробимот на цревата. Причинските механизми сеуште се неизвесни.

Извор: Енаука.мк

GOLD
To Top