Новости

Психологија

Знаци кои издаваат дека жената е несреќна во бракот

Кога партнерот ја занемарува, жената постепено почнува да се чувствува несреќно во бракот. Ова се некои од знаците што укажуваат на тоа…

Престанува да комуницира со мажот
Познато е дека жените обожаваат да зборуваат. Ако жената не комуницира, тогаш сигурно постои нешто што ја мачи.

Многу брзо се лути
Кога жените се неисполнети и несреќни, тие се во состојба да избувнат за секоја ситница. Доколку жената многу брзо се лути на вас, тоа е уште еден знак на несреќна жена во бракот.

Секогаш е уморна
Едно истражување открило дека жените во несреќни бракови имаат повисоко ниво на кортизол, што доведува до низа симптоми: хроничниот умор е еден од нив.

Одбива секс
Жените кои се незадоволни во бракот, не сакаат да ги допира партнерот и да се бакнуваат со него.

Има тајни

Кога жената се однесува мистериозно и не сака да го сподели сето она што и се случува во животот, најверојатно нешто не е во ред.

Нема доверба
Кога жената ќе ја изгуби довербата, секоја најмала ситница е под лупа. Таа го проверува телефонот, имејлот… Кога ќе забележите вакви работи, неопходно е да разговарате за да го спасите бракот.

Не обрнува внимание
Кога жената ќе изгуби интерес за мажот, очигледно е дека е несреќна во бракот.

Прави нови чекори во својот живот
Кога жената се посветува на своето хоби и сама излегува од дома, тоа е знак дека е несреќна во бракот. Таа се помалку време му посветува на својот партнер и е во постојана потрага по нови излегувања.

Почнува да мисли само на себе
Несреќната жена во бракот станува себична. Таа си посветува време исклучиво на себе, сама располага со своите пари и емоции.

Го менува својот изглед
Видните промени во изгледот се еден од најголемите чекори дека таа вложува во себе и е подготвена сама да чекори по животната патека, без својот партнер.

GOLD
To Top