Новости

Психологија

Знаци кои покажуваат дека со сигурност бегате од љубов

Кој рече дека љубовта е едноставна? Било да сте некое време слободни или пак сте во брак во кој не чувствувате поврзаност со партнерот, големи се шансите дека во некои моменти сте се дистанцирале. Дистанцирањето иако наизглед нè заштитува од повредување, всушност прави да се чувствуваме уште поосамени.

1. Се обвинувате себеси за секое емотивно промашување

Некои фрази кои жените си ги говорат себеси се: „Не сум доволно слаба“, „Престара сум“, „Не сум доволно добра сопруга“. Колку и да е тешко да се оттргнете од овие размислувања, морате да се потрудите затоа што секој којшто сака да биде во добра врска заслужува да биде емотивно исполнет. Од помош можат да ви бидат разни мотивациски пораки кои ќе си ги кажувате и повторувате самите на себе, а исто така и посетата на терапевт може да помогне.

2. Негативни сте

Дали некогаш сте слушнале за законот за привлекување?

Доколку сѐ уште сте заглавени размислувајќи за лошите работи што ви се случиле порано, тоа нема да ви донесе ништо ново. Вашата емоционална состојба може да влијае врз вашата енергија и сигналите кои ѝ ги испраќате на околината. Доколку сте негативни, такви луѓе и ќе привлечете. Тоа секако ќе води кон нови разочарувања. Наместо да бидете негативни, запишете што не ви одговарало во претходната врска, кои ваши потреби и желби не биле задоволени и зошто. Со запишувањето ќе се натерате да навлезете длабоко и да го пронајдете коренот на проблемот.

3. Продолжувате да ги правите истите работи, а очекувате различни резултати

Понекогаш е многу тешко да се воочат шаблоните на однесување, а уште потешко е да се променат. Ако љубовта секогаш ја наоѓате на погрешни места односно во погрешни луѓе, време е да се запрашате себеси каде грешите. На кој начин вообичаено ги запознавате партнерите и кој тип мажи најмногу ви се допаѓа? Одговорите можат да ви помогнат да ги воочите шаблоните и следниот пат да пробате нешто поразлично.

GOLD
To Top