Новости

Психологија

Како да ги препознаеме луѓето кои не ни мислат добро?

Во светот во кој живееме, добрината, за жал, е исклучок. Луѓето околу нас често ни мислат зло, а ние сепак не успеваме да процениме кои од нив да ги држиме подалеку од себе и кои нема да ни наштетат. Внимавај за оние знаци кај луѓе во опкружувањето, и ако ги препознаш кај некого, подобро да се држиш настрана од него.

1.Тие се кралеви на споровите

Лажат, ги извртуваат фактите, измислуваат приказни и никогаш не признаваат вина. Така ги извртуваат работите што на крај виновни излегуваат луѓето кои самите се повредени.

2.Зборуваат лошо за другите

Зошто да не го прават тоа и за тебе? Кога еден човек плете интриги за друг пред сопствените ти очи, знај дека го прави истото и за тебе на други луѓе. Не му верувај.

3.Настроени се да владеат

Луѓето со лоши намери секогаш сакаат да ја држат контролата во нивни раце. Власта се командува и не дозволува да преземете иницијатива за што и да било. Многу амбициозните луѓе кои успеваат во животот, не се добри по душа.

4.Никогаш не се извинуваат

Дури и да згрешат, тие нема да се извинат. Ќе се покријат и ќе почекаат бурата да помине. Достојните луѓе ќе подадат рака, ќе си признаат и ќе се извинат. Лошите – ќе молчат.

5.Лицемерни се

Лицемерите комплименти со кои се расфрлаат насекаде се заштитен знак на подлите луѓе. Тие не го прават тоа за да се чувствуваш добро, а за да им веруваш. Откако ја имаат твојата доверба, можат да почнат да плетат интриги за вас.

6.Не откриваат ништо за себе

Луѓето со лоши намери не откриваат речиси ништо од личниот живот, затоа што знаат дека некој може да им одврати и да ги засегне токму таму. Потајни се и личниот живот останува само за нив.

GOLD
To Top