Новости

Психологија

Како да го подобрите помнењето

Ако имате потешкотии да ги задржите информациите што ги имате научено денес, минатата недела или пред месец дена, немојте да стравувате. Постојат едноставни совети за подобрување на Вашата краткотрајна меморија.

Вежбајте го својот мозок со помош на игри како што се популарните сложувалки, решавање на крстозбори и играње на видео игри. Интернетот нуди голем број на мали Флеш игрици кои и повеќе од доволно ќе Ве стимулираат, а некои интересни тестови имате и на нашиот блог тука (конкретно, тестовите за визуелна логика и за интелигенција).

Понатаму, набавете си или купете карти со слики, т.е. мемориски карти, или направете комбинација од два шпила обични карти. Распределете ги картите по маса, отварајте по две карти во исто време и собирајте идентични парови.

Одржувањето физичка кондиција исто така е важна за меморијата. Вежбајте аеробик, пешачете и растегнувајте се за да си ја подобрите циркулацијата на крвта во Вашето тело, вклучувајќи го и мозокот. Исто така, обидете се да внесувате повеќе витамин Б6 и Омега-3 преку Вашата исхрана, обете се клучни состојки во подобрување на функциите на мозокот.

Медитирајте. Купете DVD или CD со вежби за медитација. Одберете време во текот на денот кога имате најмногу мир и кога никој нема да Ве прекинува. Медитацијата помага да го намалите стресот и да си го подобрите помнењето.

За крај, добро наспијте се. Спијте минимум по 7 саати секоја ноќ. Нашиот мозок функционира подобро после мирно преспиена ноќ.

 

GOLD
To Top