Новости

Психологија

Како да се изборите со празничната депресија

Идиличните празнични реклами, филмови, песни, шопинг понуди често имаат спротивен ефект од очекуваниот. Поради ултимативното веселење, на многумина им паѓа расположението. Во овој дел од годината, најчеста е т.н. празнична, зимска депресија. Всушност, зимското време ја активира појавата на депресивни мисли поради помрачните денови, ладното време, сивилото, маглата и другите временски неприлики.

Наметната идила на среќа и изобилство

Ако на тоа го дадеме и притисокот од празничните очекувања, кои низ медиумите е особено натрупано (мора да сме среќни и весели, опкружени со драги луѓе, многу подароци…), чувствата дека не ги исполнуваме социјалните норми, дека сме изолирани или различни од другите, токму тогаш се појавува депресивното расположение.

– За време на празничните периоди се поизразено е чувството на депресија, но и бројот на самоубиства. Почестото консумирање на алкохол и многу слободно време кое не може квалитетно да се испланира, предизвикува тажни моменти, вели психологот Санда Борбаш.

На оваа депресија изложени се луѓето кои имаат потешкотии, односно кои се сами или далеку од семејствата, кои неодамна изгубиле некоја блиска личност и повозрасни личности со пониски примања.

Не го очекувајте невозможното, туку правете добро колку што можете

Симптомите на кои треба да обрнете внимание се зголемениот или намален апетит, претераното спиење или несоница, преголемото додавање или намалување на телесната тежина. Ако сте склони кон депресија, а чувствувате дека ситуацијата ви е се полоша, не се двоумете да побарате стручна помош, советуваат психолозите.

Имено, празничната депресија е минлива состојба, која често поминува со првите сончеви зраци или со самото влегување во секојдневната рутина и за оваа депресија не е потребна лекарска помош.

– Ако почувствувате симптоми на оваа депресија, почнете да мислите на работите и луѓето кои ги имате, наместо на оние кои ги немате. Правете добри и пријатни работи за другите, опкружете се со позитивни луѓе и не очекувајте го од себе невозможното. Животот не е бајка, а не ни би требало да биде за да биде вреден за живеење, истакнува д-р Борбаш.

GOLD
To Top