Новости

Психологија

Како да ја подобрите вашата креативност?!

Создадете си мирно и тивко место каде што Вашиот мозок може да биде опуштен. Пробајте да не се грижите за околината, туку концентрирајте се на мирниот и тивкиот момент кој сте го создале. Слушајте си ги сопствените мисли и идеи кои Ви доаѓаат додека уживате во тишината.

Но, некогаш мора да се случи спротивното – стимулација во гласна околина. Во тој момент пронајдете музика во која уживате и која Ви поттикнува нови мисли. Класичната музика е популарна за релаксација, а и за инспирација, но слободно одберете и некој друг правец кој Ве опушта и/или Ве тера на размислување.

Запишувајте ги идеите на хартија. Запишувањето на мислите и идеите ќе Ви помогне да се фокусирате на создавањето нови идеи и откривања.

Играјте игри, по можност некои кои во себе инкорпорираат карактери. Следете ги своите карактери, тоа ќе Ве однесе чекор понапред (и во играта и во креативноста).

Како да ја подобрите креативноста за само 10 минути

Почнете со 5 минутна рутина секое утро: Веднаш откако ќе се разбудите, пред да станете од кревет, земетe мал блок/нотес исл и нацртајте/запишете внатре сѐ што ќе Ви падне на памет. Ова претставува силна алатка за поттикнување на креативноста и врската меѓу потсвеста и свеста. После 5 минути, тргнете сѐ настрана и продолжете со своето нормално (секојдневно) утро.

Посветете му 2 минути на детето во Вас, односно дозволете си себеси барем 2 минути дневно за да го пробудите детското во себе. Правете балони, танцувајте, скокајте и смејте се. Покрај поттикнувањето на Вашите креативни процеси, ваква активност може да биде и крајно терапевтска.

Одвојте 3 минути дневно за размислување. На крајот од секој ден земете 3 минути и размислете за Вашето креативно развивање. Кои теми и обрасци настануваат од Вашите утрински мисли? Кои изостануваат? Кои се следните чекори за да ги одведете идеите на следното ниво? итн.

GOLD
To Top