Новости

Психологија

Како повторно да ја засакате вашата работа?

Не е се така црно како што изгледа. Размислувајте позитивно, бидете реални, организирајте го вашето работно место, секој ден издвојте 10 минути за себе и одењето на работа нема да претставува проблем.

Колку и да не сте задоволни од вашата работа и без разлика со колкава мачнина одите на вашето работно место, сепак постојат начини со кои можете да бидете малку посреќни на истото.

За почеток престанете со негативниот став и бидете реални. Сфатете дека постојат и други потешки и понепријатни кариери од вашата. Потрудете се да се фокусирате на неколкуте позитивни страни и аспекти од вашата кариера.

Следете ги следниве неколку “трикови” со помош на кои повторно со работен елан би оделе на работа.

Љубезност со љубезност се враќа

Работата ќе ви биде многу попријатна доколку сте во близок однос со еден или двајца колеги. Генерално бидете љубезни кон сите и помагајте доколку сте во можност. А оние колеги со кои не можете да најдете заеднички јазик не се обидувајте да ги промените, променете го само вашиот начин на кој реагирате кога тие се непријатни кон вас.

Кога ќе ви падне тешко, пуштете музика, отпуштете се!

Доколку сте во можност, на работа слушајте музика која ќе ви го подобри расположението, а кога сте под голем стрес, затворете ги очите и замислете дека сте на некое поубаво место. Длабоко дишете и бројте до 10. Сето ова направете го слушајќи ја вашата омилена нумера и ќе забележите како стресот и негативната енергија ве напуштаат.

Трудот никогаш не е залудно потрошено време

Наместо да барате мотивација во други, потрудете се самите себе да си бидете поттикнувачи. Трудот секогаш ќе ви биде ценет, а и извршените задачи ќе ви бидат подобро извршени.

Борете се за своите права на работа

Доколку сте преоптеретени или пак некој ви досадува постојано, немојте да ја правите грешката да молчите додека непотребно ги губите нервите. Борете се за самите себе, кажете што ви смета. На овој начин ќе се изборите со проблемите и ќе си ја зајакнете самодовербата.

Кога сте гладни, не сте свои

Доколку лошо се храните на работа или цел ден не јадете, тоа ќе резултира со замор и деконцентрација. Секогаш трудете се да појадувате, а на работа понесете си здрав оброк. Доколку сте во можност изедете го на свеж воздух, а не зад масата. Не заборавајте често да пиете вода.

Најтешките задачи завршете ги што побргу

Обидете се да бидете организирани на работа, бидејќи доколку оставите се за последен момент, ќе бидете под голем стрес и незадоволни. Направете си распоред на задачи и придржувајте се на истиот, а најтешките задачи извршете ги одма кога ќе ви бидат зададени.

Evrotip
Евротип
To Top