Новости

Психологија

Кои се предностите на врските на далечина?

Иако малкумина веруваат во ова, врската на далечина може да успее. Овие врски дури имаат и свои предности, а тоа ќе ви го потврдат луѓето кои имале храброст, трпение и верба во нивната љубов.

1. Бидејќи ретко се гледате, комуникацијата ја одржувате со зборови – разменувате пораки и користите видео и телефонски повици. Вашата комуникација е само вербална, па ќе научите да ги изразувате чувствата, да се слушате и да се разбирате. Ќе знаете кога треба да кажете нешто со цел да избегнете расправии, а кога ќе дојде до тоа ќе знаете како да се справите.

2. Повеќе ќе го цените времето поминато заедно. Тоа ќе бидат моменти за нежност, зближување и радост и нема да го трошите на расправање. Свесни сте колку е драгоцено и колку брзо ќе помине. Кога ќе бидете заедно, ќе го давате најдоброто од себе.

3. Нема да се нервирате и расправате за работите за коишто се расправаат паровите кои живеат заедно. Лошите навики нема да го нарушат вашиот однос, нема да бидете гневни поради недостатоците на партнерот или поради неговиот неред.

4. Ќе откриете сè за сексот на далечина. Ќе можете да се гледате, да разговарате и да коментирате. На овој начин ќе научите да бидете слободни, да си верувате и ќе бидете многу поопуштени од другите парови.

5. Преку комуникацијата на далечина брзо ќе научите да ја цените вредност на искреноста и на сè што ви е важно. Повеќе ќе се обидувате да го зачувате она што го имате. Нема да можете да манипулирате личност којашто не е пред вас. Можете само да ѝ верувате и да се држите до она што сте се договориле и она што сте го изградиле.

6. Никогаш нема да се гушите еден со друг. И двајцата ќе имате ваш живот, ваше време, ваши обврски и пријатели. Ќе го немате најчестиот проблем на паровите, односно како да најдете рамнотежа помеѓу пријателите и другите обврски кога врската ви е приоритет. Ќе немате причина да бидете љубоморни на животот и друштвото на партнерот, ниту пак тој на вашето. Ќе ја чувате целата енергија за вашата наредна средба.

7. Ако вашата врска сепак издржи на далечина, тоа е знак дека е стабилна и дека сте подготвени да одете чекор понатаму. Но кога ќе ѝ дојде крај на разделеноста и кога ќе почнете да живеете заедно, ќе се соочите со нови предизвици и повторно ќе ја тестирате вашата блискост.

GOLD
To Top