Новости

Психологија

Кој е подобар „бебе – сервис”, дали градинка или пак баба и дедо – родителите со поделени мислења

Додека родителите се на работа, за децата се грижат баба и дедо, бебиситерки или пак воспитувачките во градинка.  Секоја од овие опции има свои добри и лоши страни.

Педагозите советуваат дека сепак не постои најдобар бебе – сервис. Она што е сигурно е дека вашето дето во дружба со баба и дедо никогаш нема да биде гладно и секогаш ќе биде мазено, чувано, пазено… Така да, доколку тоа е доволно за да ги задоволи вашите амбиции, или вашите критериуми, тогаш за вас најдобар бебе – сервис се токму тие.

Најголем недостаток при чување на детето од страна на баба и дедо е недеоволен број на деца врсници со кои детето би се играло, натпреварувало, би учело да се кара и да се смирува… односно низ социјални вештини кои никој не може да му ги надомести освен врсниците.

Од друга страна многу родители даваат предност на градинките или бебиситерки, поради тоа што тие на детето можат да му понудат разни едукативни содржини, или пак да влијаат врз него лесно да се вклопи во групата со неговите врсници.

Со други зборови, она што е според вашите критериуми најдобро за вашето дете, не мора да биде најдобро и за другите родители.

Покрај тоа бабите и дедовците можат да се покажат како добри во чување на детето во една фаза, но лоши во друга.

Во секо случај, факт е дека само вие сте одговорни за развој, воспитување и однесување на своето дете. И без оглед на тоа детето колку време ќе поминува со баба и дедо, никогаш во нив не барајте виновник за некои негови успеси или незгоди во текот на растењето. Истото важи и кога е во прашање градинка или пак бебиситерка.

GOLD
To Top