Новости

Психологија

Креативно размислување

Еден од најдобрите методи за креативно размислување е таканаречениот “brainstorming”. Оваа техника е развиена уште во 1948 година а се состои од четири дефинирани правила:

1. Се може да се каже, бидејќи на ништо не се замерува.

2. Колку повеќе презентирани идеи, толку подобро.

3. Ниту една идеја не е премногу егзотична, бизарна или тривијална.

4. Пожелни се сите комбинации, девијации и подобрувања на презентираната идеја.

Пресудната работа кај оваа техника не е да се најде еден точен одговор, туку да се изнесат повеќе нови одговори и нови идеи кои претходно не биле разгледани. Секоја идеја изнесена на маса има улога на стимуланс за целата група луѓе кои треба да смислат нови идеи.

Најтешкото и најважното правило при таквата тимска работа е – нема критицизам. Критикувањето на нечија идеја веднаш ќе придонесе за замолкнување и престанување со корисна работа. Исто така, презентираните идеи не треба да се објаснуваат и да се бранат. За време на давањето идеи, секоја идеа треба да се забележи, а дури подоцна, при повторната тимска средба, целиот тим ќе одлучи дали идејата е употреблива или пак не е.

GOLD
To Top