Новости

Психологија

Марија Младеновска-Димитровска единствена Македонка на Европскиот конгрес на психолози во Москва

Вчера во „Кремљ палатата“ во Москва, која е една од најдобрите и најпрестижните театарски и концертни сали во Русија, пред околу 6.000 присутни, на спектакуларен начин свечено беше отворен 16 европски конгрес за психологија.

На Конгресот, кој од 1 до 5 јули се одржува на Московскиот државен универзитет Ломоносов, учествуваат над 2.500 психолози, универзитетски професори, научни работници од 83 земји од Европа и светот: Русија, САД, Германија, Турција, Кина, Италија, Шпанија, Индонезија, Хонг Конг, Австралија, Бразил…

На овој најголем научен собир за психолози, не само во Европа, туку и во светот, Македонија со свој научен труд ја претставува единствениот претставник, психологот од Битола, магистер по психологија Марија Младеновска-Димитровска.

Научниот труд, кој е од областа на социјалната психологија, претставува опсежно истражување на Марија Младеновска-Димитровска за „Поврзаноста помеѓу авторитарноста, национализмот, етничката дистанца и прифаќањето на антидемократските вредности кај младите“.

Марија Младеновска-Димитровска е магистер по психологија и работи како стручен соработник во средното училиште „Таки Даскало“ во Битола.

Претходно Марија Младеновска – Димитровска, која има објавено голем број научни трудови, имаше свој научен труд и во Харвард Унивезритетот во Бостон, САД.

-Со учеството на Европскиот конгрес во Ломоносов, Москва, конечно ми се исполни мојот сон да учествувам на еден ваков исклучителен, не Европски, туку јас би рекла светски конгрес на психолози. По Харвард во Бостон, САД, учеството на Конгресот во Ломоносов е признание за мене бидејќи на овој светски признат и познат Универзитет, каде за жал или за среќа јас бев единствен преставник од Македонија, се поставени темелите на психологијата. Самото присуство на над 2.500 психолози од 83 држави во светот доволно зборува за угледот кој го има Унивезритетот Ломоносов во светот – изјави Марија Младеновска- Димитровска.

Извор: Битолски весник

GOLD
To Top