Новости

Психологија

Надминете ги лошите навики и креирајте нови

Луѓето имаат способност да се менуваат – ова е предмет на расправа веќе со векови и тоа најмногу заради тенденцијата да креираме навики.

Причината зошто луѓето не се откажуваат од навиките, најчесто лоши е заради комфорноста, стравот од неуспех. Истражувањата покажуваат дека колку подолго навиката трае, толку е потешко да се отстрани. Но, луѓето имаат способност тоа да го променат, бидејќи можат да ги контролираат навиките.

Пред некој да смени одредена навика, прво треба да знае што се всушност навиките и како се формираат. Навика по дефиниција е однесување основано на модел кој се повторува и тоа е единствениот начин на кој се формира – со повторување.  Според некои истражувања потребни се 66 дена за да се повторува одредена активност и таа да премине во навика. Сфаќањето пак, дека човекот може да ги промени секојдневните навики е суштинско во самото воведување на промени. Како прво, мора и да се согледаат тие навики кои секојдневно се применуваат, а е малку потешко бидејќи постојат навики кои се всадени уште од многу мала возраст.

Решението за воведување на промената е сугестија преку мисла или желба и тренирање на истата како да е навика, свесно испраќајќи позитивни мисли во врска со истата, а со тоа и навлегување во потсвесноста. Автосугестијата е свесна мисла која се испаќа на несвесноста во мозокот. Бидејќи мислите се импулси и вибрираат на одредена фреквенција, повторувањето на оваа активност може да создаде нова навика на размислување – како што навиката се формира на површинско ниво, исто така може да биде формирана и на хемиско ниво. Ова е суштинско и потребно да се знае за успешен процес на воведување промени.
За полесно адаптирање на промените, потребно е и да се знае дека старите навики не исчезнуваат, туку се заменети со нови. Се верува дека голем број од лошите навики на луѓето се создаваат заради стрес или досада. Заклучокот е дека луѓето имаат тенденција да воведуваат промени, бидејќи го разбираат процесот на креирање промена, која бара трпение, волја и постојаност.

GOLD
To Top