Новости

Психологија

Научете како да препознаете емоционален манипулатор

Емоционалните манипулатори се многу вешти во играњето на своите игри, создаваат некој вид на илузија во вашиот ум, која е мошне тешко да се прозре.

Обрнете внимание на овие знаци за следен пат да не наседнувате на неговата приказна…

Прават да верувате дека сè е по ваша вина

Емоционалните манипулатори нема веднаш да ја покажат својата злоба: во почетокот ќе бидат многу шармантни и сочувствителни. После тоа ќе следуваат моменти во кои една минута ќе се расправате, а во наредната со најсладок тон ќе ви рече дека сè е во ред, дека не сака да се расправа со вас и дека знае дека ви е тешко да се воздржите од изливот на емоции, на тој начин префрлајќи го фокусот од проблемот на тоа дека целата расправија на некој начин била ваша вина, а тој е недолжна жртва. Емоционалните манипулатори во своите очи никогаш не се виновни за ништо. Тој е совршен, а вие сте дефектни, крај на приказната.

Прави секогаш да се сомневате во себе

Манипулаторот ќе менува, извртува и измислува информации за поминати настани со намера да ве збуни и да ве наведе да се посомневате во сопственото помнење и сопствениот здрав разум, особено тогаш кога нема изговори за сопственото однесување и кога фактите сосема очигледно не му одат нему во корист. Додека лаже е прилично самоуверен, па така секогаш вие ќе бидете таа страна која се прпеиспитува себе си.

GOLD
To Top