Новости

Психологија

Најчеста грешка која ја правиме кога се чувствуваме запоставено во врска или во брак

Се чувствувате запоставено и осамено? Мислите дека не сте му важни на партнерот како на почетокот од врската или бракот? Ви недостига неговото внимание? Не брзајте со заклучоците.

Намаленото внимание кое го добивате не мора да биде знак дека вашиот партнер се “оладил“, има друга или планира да ве остави.

Најголемата грешка која жените ја прават во овие ситуации е – обвинување. Не го правете тоа пред да дознаете со што се носи вашиот партнер. Можеби станува збор за стрес поврзан со работата, некоја болест, проблеми со родителите, остатокот од семејството или со некој близок пријател.

Експертите истакнуваат дека не сте подготвени да ја сослушате неговата страна на приказната, ако го обвинувате за одредено однесување.

Од таа причина, тој нема да сака да ви се довери. Покрај тоа, ако го обвините дека направил некаков грозен чин без никакви докази, тоа може уште повеќе емотивно да го оддалечи од вас.

Бидете сочувствителни, дајте му прилика да се изјасни, сослушајте го што го измачува и зошто не ви посветува доволно внимание, а дури потоа проценувајте и делувајте.

Многу луѓе кои се во врска забораваат дека не смеат да се потпрат исклучиво на партнерот за да се чувствуваат посебно, привлечно или успешно. Бидете си вие на прво место, научете како да си угодите, посветете се на вашето ментално здравје, па потоа полесно ќе се носите со сите евентуални предизвици во врската или бракот.

GOLD
To Top