Новости

Психологија

На Фејсбук постојат четири видови луѓе – кој тип сте вие?

Научниците од Универзитетот BrigamJang со помош на бројни истражувања откриле дека испитаниците може да се поделат во четири различни групи: креатори на врски, портпароли, оние кои прават селфи и оние кои висат пред излози.

Првата група одговара на постови на други кои користат Facebook за да останат врските активни. Го користат Facebook како екстензија на вистинскиот живот со фамилијата и пријателите.

Портпаролите баш и не споделуваат лични работи, но сакаат да известуваат за она што се случува. Туркаат информации, делат вести и најави за случувања, но нивниот профил во главно ги занемарува пријателите и фамилијата, а известуваат за други работи.

Луѓето кои прават селфи се оние кој го користат Facebook за сопствена промоција. Споделуваат слики, снимки и новости, но само со цел да привлечат внимание и лајкови. Истражувањето наведува дека тие го користат Facebook како би прикажале некаква слика за себе, независно од тоа дали е таа точна или не.

Оние кои висат пред излози, чувствуваат обврска да бидат на Facebook, но ретко делат лични информации. Тие сакаат да видат што прават другите и се однесуваат исто како оние кои само доаѓаат да видат што има ново на излогот.

“Друштвените мрежи се вклучени во се што денес правиме и поголемиот број на луѓе не размислува зошто нешто прави, но ако луѓето можат да ги препознаат сопствените шеми на однесување тоа креира одредена свест” се вели во истражувањето.

GOLD
To Top