Новости

Психологија

Негативните емоции заради пандемијата се префрлија на социјалните мрежи

Пишува: Жанета Ристевска, психолог

Свесност, духовност за време на Велигденскиот карантин ќе ни помогне во справување со негативните емоции

Пандемијата со корона вирусот потполно го промени нашиот начин на живот. Сега живееме  „нова реалност“ каде се променети нашите животни навики, а заради социјално дистанцирање се затворивме во нашите домови само со најблиските. Социјалните мрежи се еден свет каде сите пронајдовме виртуелен простор на информирање и социјална комуникација и поврзаност со надворешниот свет. Покрај информации на дневно ниво за кризната ситуација, мислења на епидемиолози, лекари и други експерти, тука добивавме и прифативме различни совети за ново хоби, читање книги, гледање телевизија, серии, филмови, да направиме блог, да готвиме, вежбаме итн… Совети како брзо да се адаптираме и слободното време да го исполниме и организираме на конструктивен начин. Но, со сето ова што досега сигурно секој го пробал за овој период од 6 недели  се поставува основното прашање:

Дали успеавме да го победиме стравот кој како Дамоклов меч цело време стои над нас загрижени за своето здравје, здравјето на најблиските и стравот од смрт како најголем заради  вознемирувачките вести со кои постојано сме опкружени?  Или пак стравот кој произлегува од егзистенцијалните прашања за економската и финансиската ситуација која не чека кога ќе заврши кризата.

Негативните емоции станаа и еден неизоставен сегмент во време на пандемија, односно спектар од амбивалентни емоции и промена на расположение од оптимизам до песимизам. И од тука основното прашање – како да ги контролираме?

Влијание на социјалните мрежи во кризна состојба и негативни емоции

На социјалните мрежи има многу информации и комуникација во денови на изолација. Премногу информации и многу сензционалистички вести, вознемирувачки слики и вести за заболени, смрт како бројка. Тука се вести за теории на заговор кои  придонесуваа за зголемување на неизвесноста на ситуацијата  со што придонесуваа за анксиозност, страв, паника и негативни емоции.

-Социјалните медиуми станаа место каде секој обично може  да коментира, но додека пред кризата  дискусиите се воделе  во социјалните дружења и интеракција, сега се одигруваат на друго ниво и  многу полесно зад компјутер, на мобилен телефон од дома. Со едноставно типкање и без самоконтрола на емоциите се шират негативни коментари на кои често се надоврзуваат  други со навредлива содржина  кои одат до напад врз интегритет на  личност. Тука да се споменат лошите коментари насочени кон лица заболени од корона вирус во смисла на жигосување во општеството без причина, луѓе во изолација, политички личности, осудени личности…

-Во овој контекст на коментари на социјалните мрежи доаѓаме до психолошкото спознавање кое е утврдено со практика дека луѓето на трауматична ситуација која го менува нивниот живот,  обично реагираат во пет хронолошки фази: порекнување, лутина, „ценкање“, депресија и прифаќање.

-Според големиот број на коментари на социјалните мрежи, многу луѓе соочувајќи се со оваа трауматична ситуација се наоѓаат помеѓу порекнување и лутина што им отежнува да ги поднесат кризните мерки.

-Во оваа емоционална состојба во кои често преовладуваат негативни емоции се шират и придонесуваат за коментари со негативна конотација кои најчесто шират говор на омраза.

– Освен лошите вести кои секојдневно ги читаме на социјалните мрежи, врз  нас се става и врши притисок како и што подобро да го искористиме слободното време кое го имаме во изолација. Дали ни треба уште едно хоби, блог…  Дали треба повеќе да гледам телевизија ? Читам ? Дали да ставиме видео, фотографија од креативна активност, пеење, готвење, вежбање по дома…

– Како да се биде што покреативен? Во смисла: Дали да напишам некој интересен, статус, пост кој ќе привлече повеќе лајкови и споделувања за животот, кризната ситуација и воопшто мудроста на живење ?

– Добиените лајкови како или  „поттик“  да се  продолжи со пишување бидејќи тоа е сигурно добро напишано и општествено прифатено. Критиките секогаш се многу повеќе лајкувани. Бројот на лајкови – репер дали е напишаното ОК.  Ако не се добие поттик со бројот на лајкови (споделување) се оди понатаму, со друг пост. Ако се добијат „доволен“ број  лајкови се оди понатаму повторно. Сето тоа во еден магепсан  круг и понатаму за да се постигне целта, а тоа значи личноста да се самоактуализира на одреден начин на социјалните медиуми, бидејќи личноста тоа и го нема во реалниот живот. Сето ова може да придонесе за зголемување на  стресот.

-Потребата  за самоактуализација според психологот Маслов е една од највисоко рангираните после задоволувањето на основните  потреби за храна, сон, сексуална желба. (Маслов ќе придонесе за психологијата преку неговата хиреархија на човекови потреби, која ја претставува како пирамида, а на врвот од пирамидата се наоѓа потребата за самоостварување или тензија или конфликт во животот на некоја личност).

Овие се некои од механизмите за соочување со негативните емоции страв, лутина, бес и револт од новонастаната ситуација, а заедничко им е да се одвлече вниманието  од вистинскиот проблем. Многу често и од стресот кој на овој начин го потиснуваме.

Некои начини како да се надмине стресот:  

-Развивање на свесност за своите емоции

Во оваа ситуација :

-Сигурно е  време да се посвети секој на своите мисли и емоции колку и да се негативни тие.

-Признајте си на себеси како се чувствувате. Многу е важно ако се чувствувате лошо да не ги потиснуваме емоциите за да се јави поголем проблем. Можеби е време да се одморите од се и да си посветите внимание на себе и сопствениот внатрешен свет.

-Да се запрашате зошто реагирам на таков начин? Да развиеме чувство на свесност за себе и нашите реакции. Пред да се постира или напише некој негативен коментар да почека некое време, се смета дека 20 минути е потребно за да ни поминат и смират емоциите на завист, љубомора, бес.

Чувството на свесност е вештина која не може да се развие преку ноќ, потребно е доста време и труд. Медитацијата е техника на затворање во свој простор и отварање во него. Бројни студии покажале дека луѓето кои се доследни во праксата на медитација полесно ги поднесуваат стресните ситуации од за разлика од други кои не се насочуваат на тој начин.

Но заради претходниот стил на живот малку луѓе можат да истраат во оваа пракса во миговите кога е најпотребна.

Во овој период на верскиот празник Велигден и останување дома со најблиските може да ни помогне религијата преку духовноста, молитвите, ритуалите кои ќе ги правиме во духот на традицијата.

-Психолошка функција на религијата

Го надминува стравот од смртта и тешките болести (егзистенцијалната анксиозност). Во секоја религија постои идејата за живот по смртта. Верникот верува во ова и смета дека смртта е само врата преку која се поминува од една во друга форма на живот. Верникот единствено има проблем како ќе ја дочека смртта, поради идејата за рајот и пеколот. Во големи кризни состојби на пандемии се раѓаат и нови религии.

-Духовност во овие денови ќе ни помогне да се справиме со негативните емоции

Духовност е толку широк поим со толку значења, што не збунувa. Потребно е да се напомене дека духовност и религија не е исто, иако можат да бидат цврсто поврзани. Тоа означува душевна состојба во која човек своето внимание го свртува спрема она што не се наоѓа во негова непосредна околина. (На пример интерес за филозофија, поезија, музика, наука се едни од неверските облици на духовноста. Таа може да биде способност која е својствена на сите човечки суштества како што се способност на раст, репродукција,правилно  комуницирање, размислување или чувствување, сочуствување (емпатија)

-Духовноста се врзува блиску и со сексуалност, љубов и сила, благодарност и скромност

– Да се биде духовен значи духовното, метафизчкото и нематријалното да се стави пред световно и материјално живеење.

-Духовноста значи молитва. Медитација и морално живеење. Тоа сега да го направиме во своите домови со најблиските.

-Чувство на стравопочитување и восхитување пред универзумот што постои. Ова  веројатно сите го искусивме кога се најдовме пред заканата на корона вирусот или се  загледавме во ноќно небо на ноќта на Христовото воскресние сите заедно сплотени и сме сфатиле дека сме безначајно ситни, а истовремено и сите заедно едно со целиот универзум.

 

GOLD
To Top