Новости

Психологија

Не постои лоша работа – постои само лош шеф!

Едно итражување спроведено од Gallup на 1 милион вработени во САД покажува дека причина број еден за давање отказ не е работата, туку самиот газда или претпоставен.

Поточно, 75 отсто од вработените доброволно ја напуштиле работата поради својот шеф, а не поради тежината на позицијата.

Животот е премногу краток за да потрошите 40 часа неделно на стрес и мизерија

Почитта на менаџерот од страна на тимот не е дадена, туку заработена. Тоа не се случува преку ноќ, но во вистинско окружување речиси сигурно двете страни ќе создадат нераскинливо партнерство.
Што сакаат вработените?

Почитување – Ако ги почитувате вработените, нема да дозволите да се доведете во ситуација да побарате од нив да работат доцна, за време на викендите или да ги вознемирувате додека се на одмор.

Автономија – Ако сте вработиле некој да направи некоја работа, тогаш дозволете му да го направи тоа. Работата не менаџерот е да обезбеди насоки и поддршка – не да ги микроменаџира луѓето.

Емпатија – Покажете дека искрено се грижите за доброто на вашите вработени. Вработените сакаат да бидат третирани како човечки суштества. Тие имаат чувства, емоции и лични животи.

Благодарност – Преземањето на заслугите за работата на вашите вработени или недавањето на признанија е сигурен начин да се изгубат поени кај вашиот тим.

Раст и Развој – Неподготвеноста на работодавачите да инвестираат или да препорачаат можности за развивање вработените можат да го протолкуваат како непочитување и негрижа за нивниот професионален развој.

Извор

GOLD
To Top