Новости

Психологија

Популарна психологија: Бенефити од позитивното размислување во животот

Позитивното размислување и гледање на нештата од подобрата страна, се’ уште останува еден од факторите кои влијаат на подобрување на квалитетот на човековиот живот и неговите односи со околината. Здравјето е уште еден сегмент каде може да се забележи прекрасното влијание на овој процес, и голем број луѓе ја чуствуваат придобивката од позитивна вибрација која ја носи овој начин на размислување.

Да се постои со позитивна мисла, значи целиот животен склоп да се прилагоди кон изборот да се чуствувате добро, да живеете добро и да простувате лесно. Често, се поставува прашањето: Како е можно да се живее позитивно во денешницата, позната како ера на стресот?

Усовршувањето на оваа вештина е една од најголемите придобивки со кои веројатно човекот може да се стекне во животот, со цел – поквалитетна егзистенција.

Негативната мисла го поттикнува лачењето на адреналинот, хормон кој ја зголемува напнатоста на мускулите и срцевото отчукување, додека долгорочно, ефектите од негативните мисли можат да бидат и посериозни, во зависност од емоцијата која се искажува и нејзиниот интензитет. Тие можат да влијаат и да допринесат за губиток на здравјето, особено во состојба на нивно потиснување.

Истражувањата покажуваат дека при позитивна мисла:

се зголемува мотивацијата за вежбање

значително влијае на подобрување на успехот во училиште кај учениците

се зголемува отпорноста на болести

се намалува главоболката

се зголемува енергијата

ја подобрува креативноста

влијае на подобрувањето на концентрацијата

Позитивното размислување помага при целосно зајакнување на имунитетот и е одличен подобрувач на сонот и лек против несоницата. Со примена на различни техники како афирмација, влијае и на повеќето органски системи, како ендокриниот и  респираторниот.

Интелектуалните бенефиции од позитивната мисла се одамна познати, за разлика од биолошките, кои се уште во фаза на истражување. Благодарноста и состојбата на смиреност ја зголемува нашата продуктивност, поставувајќи го фокусот на место. Примената на различните техники каде фокусот е свртен кон позитивната мисла, како медитација, ја зголемуваат долговечноста и овозможуваат внатрешен мир.

Менувајте го вашиот склоп на мисли, и со текот на времето, почуствувајте ги позитивните бенефиции од таа промена, со помош на неколку мали совети.

Смејте се почесто – смеата е еден од најдобрите лекови, кои веднаш го подигаат расположението и вашата вибрација. Па така, опкружете се со позитивни луѓе, изгледајте некој добар филм, насмејте се додека поминувате покрај некого. Веднаш ќе ја забележите промената која настанува.

Одберете го друштвото – бирајте луѓе кои секогаш ќе го извлекуваат најдоброто од Вас, и ќе бидат Вашиот лек за подобро расположение

Вежбајте – научно е докажано дека токму вежбањето е причина за лачење на хормонот на среќа, кој дополнително ќе ви помогне во процесот на менување на менталниот склоп.

 

Евротип
Евротип
To Top