Новости

Психологија

Психо блиц: Мали трикови за подобра комуникација

Секој човек е уникатен, а психолозите работат на тоа да ја откријат причината за однесувањето која е всадена уште во детството и може да биде применета на секој од нас.

Постојат некои психолошки трикови што можат да влијаат врз комуникацијата и на некој начин да го поедностават нашиот живот.

1. За да откриете дали некому му се допаѓате

Одберете еден збор кој таа личност го изговара и секој пат кога ќе биде изговорен насмевнете се или кимнете со главата. Ако на личноста ѝ се допаѓате, таа несвесно ќе почне почесто да го употребува тој збор.

2. Ако сакате вашите зборови да бидат сфатени сериозно

Кажете им на луѓето дека тоа сте го научиле од своите родители бидејќи луѓето имаат всадено верување во зборовите што ги изговараат родителите.

3.Доколку сакате луѓето да се согласуваат со вас

Не губете контакт со очите на вашиот соговорник и кимајте со главата бидејќи така ќе изгледа дека ја зборувате вистината. Освен тоа, луѓето имаат тенденција да имитираат некои општествени обрасци.

4. Сте посакале ли автобусот наутро да не биде преполн?

За да добиете место и луѓето да ви се тргнат од патот, гледајте точно пред себе, во насоката во која се движите, и ќе видите дека луѓето ќе се тргаат. Овој трик е едноставен за објаснување бидејќи луѓето во ваков случај се тргаат од патот за да не дојде до судир.

5. Кога некоја песна не ви излегува од глава

Пробајте да размислувате за завршетокот на песната. Се верува дека мозокот ги памети работите што не се довршени, па со размислувањето за крајот полесно ќе престанете да ја пеете истата мелодија.

6. Ако сакате вашите деца да почнат да јадат одреден зеленчук

Прашајте ги колку брокули и домати сакаат, а не дали сакаат да ги јадат. Децата ќе имаат чувство дека сами ја донеле таа одлука и ќе го изедат зеленчукот што им го нудите. Истиот трик може да се користи и во други ситуации.

7. Имате чувство дека некој ве следи?

Свртете се и проѕевајте се. Ако некој навистина ве следи и ве гледа, ќе почне и тој да се проѕева бидејќи проѕевањето е заразно.

8. Ако сакате да наведете некој да ги пренесе вашите тешки кутии или кеси

Пружете ги кон него и не престанувајте да зборувате додека го правите тоа. Повеќето луѓе нема ни да забележат дека нешто им се дава и ќе ги земат в раце.

9. Пред ракување

Пробајте да ги згреете вашите раце бидејќи така ќе оставите пријателски впечаток.

10. Кога некој разговара со вас, преформулирајте ја неговата реченица

Кажете му го тоа бидејќи ќе мисли дека сте одличен слушател. Но, не претерувајте.

11. Ако сакате некој да ви помогне

Започнете ваква реченица: „Навистина ми е потребна твојата помош“. Луѓето не го сакаат чувството на вина и поради начинот на кој барате помош, нема да можат да ве одбијат.

12. Кога мислите дека на некоја личност не сте ѝ драги

Побарајте да ви позајми пенкало или нешто слично. Луѓето имаат тенденција да не им помагаат на оние што не им се допаѓаат, а услугата е толку мала, што тој што ве „мрази“ нема да може да ја одбие вашата молба.

GOLD
To Top