Новости

Психологија

Психо тест: Визуелните слики ги откриваат содржините на вашето несвесно

За да успее овој тест мора да дадете искрени одговори без многу размислување, туку она што прво ќе ви падне на ум.
Моќта на умот е навистина неверојатна – многумина успеваат во тоа да се уверат себеси, но и другите во нешто што всушност не е вистина.

Ако сакате подобро да се запознаете себеси и да добиете една објективна проценка на своите ставови, без оглед на тоа што на другите им говорите нешто друго, направете го овој интересен тест.

Негов автор е Сигмунд Фројд, таткото на психоанализата, а тестот се состои од неколку прашања на кои треба да одговорите. Започнете, запишувајте (или памтете) ги потполно искрените одговори на долунаведените прашања па на крај погледнете што тие всушност значат.

Најважно од се е да не гледате веднаш во резултатите туку да дадете искрен одговор, без многу размислување туку она што прво ќе ви падне на памет.

1.Гледате во море. Кое е вашето прво чувство? Можете да ги затворите очите..
2. Пешачите низ шума и гледате во нозе. Што чувствувате? Одговорете за помалку од 30 секунди.
3. Гледате во галеби кои летаат. Што чувствувате?
4. Гледате стадо коњи. Пишете што чувствувате (не размислувајте долго).
5. Во пустина гледате ѕид со мал отвор позади кој се крие оаза. Во овој случај се потребни дела, не мислете, пишете што би направиле.
6. Повторно пустина. Уморни сте од долгиот пат. Гледате сад со вода? Што ќе направите?
7. Изгубени сте во шума. Се смрачува. Гледате куќа со осветлен прозорец. Што ќе направите?
8. Во магла сте. Како се однесувате, какво чувство имате?

Резултатите прочитајте ги под фотографијата:

Секое прашање се однесува на одреден сегмент од вашиот живот. Вашиот одговор (активноста што сте ја презеле или пак првото чувство што се јавува кај вас) е одговор на тоа како се поставување кога се работи за некоја важна работа од животно значење.

1.Вашиот однос спрема животот, емоциите и чувствата.
2. Како се чувствувате во своето семејство.
3. Вашиот однос кон жените.
4. Вашиот однос кон мажите.
5. Вашата основнаживотна стратегија, цел. Како решавате проблеми.
6. Вашиот сексуален живот. Изборот на партнери.
7. Вашата спремност за брак.
8. Вашиот однос спрема смртта.

Секако дека не мора да се сложите со резултатите, Меѓутоа, запомнете дека колку и да можете да се лажете себеси, тоа не можете да го направите со својата потсвест.

 

GOLD
To Top