Новости

Психологија

Психо тест: Дали сте вообразени?

Одговорете искрено на следниве прашање со да или не. 

1. Дали мислите дека можете да ги предвидите работите?

2. Мислите ли дека имате способност која доколку ја развиете подобро сигурно би се нашле на врвот?

3. Верувате ли дека мажите/жените што не ви пристапуваат, се плашат од вас?

4. Сметате ли дека мажите/жените што не ве сакаат ви љубоморат?

5. Доколку постоел претходен живот, вие сигурно сте биле популарни?

6. Мислите ли често на работите кои би ги направиле ако имате многу пари?

7. Мислите ли дека сте попаметни од луѓето кои ве опкружуваат?

8. Се чувствувате ли дека постојано чекате нешто за да ви почне животот?

9. Мислите ли дека можете да го заведете секого?

10. Дали сте постојано на диети и загрижени за својот изглед?

Решение: 

Ако сте одговориле пет или повеќепати со ДА: 
Не сметате ли дека летате малку повеќе во облаците? Самодовербата е добра карактеристика, но не и ароганцијата. Добро е да се биде позитивен и оптимист, но само ако бидете реални ќе бидете среќни со себе. Постојат шанси навистина да сте згодни, интелигенти, убави и посебни, но постои и голема веројатност дека сте вообразени. Ако се спријателите со себе и бидете она што сте, тогаш ќе бидете посреќни.

Ако сте одговориле помалку од петпати со ДА: 
Вие сте среќни онакви какви што сте. Немате потреба од нарцисоидност и не ги гледате луѓето околу вас како да не ви се дораснати. Немате потреба од грижа дека околината ве доживува како вообразени. Во секое друштво сте прифатени со „добредојде“, па затоа никогаш не ви се случува да навлезете во конфликтна ситуација. Можеби ви е потребна поголема доза на самодоверба, која верувајте нема да му штети никому.

GOLD
To Top