Новости

Психологија

Среќен е оној кој умее да сака: Денеска е Меѓународен ден на среќата

Светот денес го одбележа 20 март, Меѓународниот ден на среќата. Се работи за „празник“ кој во 2012 година го воспоставија Обединетите нации, а нивната намера била да се покаже дека бруто-домашниот производ (БДП) не може да биде показател за напредокот на некоја земја и оти во таа смисла, потребни се подобри параметри за добросостојбата на едно општество, вклучувајќи ја и – среќата на жителите.

Обединетите Нации на 28 јуни 2011 година одлучија секоја година токму на овој ден да се прославува Денот на среќата.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, тогаш истакна дека овој ден треба да потсети да им помагаме на другите луѓе.

„Потрагата по среќата лежи во јадрото на човечките напори. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и бедност, и во хармонија со природата… Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме“ – изјавил тој.

Среќата е нешто што одново се достигнува и се живее цел живот. Таа не се наоѓа на друго место. Речиси никогаш не сфаќаме дека среќата ни е на располагање во секој даден момент. Таа не е материјална работа која може да ја купиме.

Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото и повторно се несреќни. Среќата е љубов. Среќен е оној кој умее да сака.

Познавачите на приликите ќе речат дека најдобриот рецепт е да уживате во она што го работите. Не работете само за пари, слава, моќ, направете нешто и за свое задоволство, живејте во сегашноста, а не во минатото, прифатете ги предизвиците, сонувајте со отворени очи, мислете позитивно, не споредувајте се со никого, бидете помалку сериозни… И да – ставете ја насмевката на лицето: смејте се !

GOLD
To Top