Новости

Психологија

Тајната на сапиосексуалноста: Неодоливата привлечност на интелигенцијата

Терминот сапиосексуалност сѐ почесто се сретнува во секојдневниот живот и во медиумите. Според некои истражувања на веб страниците за запознавање е во тренд себе си да се окарактеризирате како сапиосексуалец.

Овој термин означува привлечност на интелигенција. Станува збор за моментот во кој личноста сфаќа дека интелигентниот соговорник со своето говорење е сексуално привлечен.

Што сѐ се нарекува интелигенција?

Буквалниот превод од латински на поимот интелигенција значи – способност да се чита некого преку рамена, или способност за увидување. Интелигенцијата не се основа на податоци и информации, туку опфаќа и емотивни, социјални, когнитивни и други подтипови на интелигенција. Сите тие ја прават многу сложена појава.

Интелигентниот човек е и остроумен, духовит, има шарм и способност за заведување. Ако се размислува во оваа насока, овие особини не се резервирани само за сапиосексуалците, туку за секој човек. Тие се клучни во одбирањето на партнер без разлика дали постои свесност за тоа или не.

Научно објаснување на сапиосексуалноста

Во последните 2,5 милјарди години човечкиот мозок три пати е зголемен, иако тој би можел да функционира и со многу помал мозок. Сексуалната селекција нуди објаснување за оваа појава. Имено оваа теорија го представува настанувањето на карактеристиките за кои недвосмислено може да се заклучи дека ги попречуваат своите носители да преживеат, но им помагаат во репродукцијата и се толку чести што стануваат типични за еден вид.

Човековиот мозок се развил за да служи во борбата за сексуален партнер меѓу единки од ист пол или за заведување на единки од спротивниот. Гените кои влијаат на интелигенцијата и гените кои влијаат на плодноста се наоѓаат на истиот X хромозом и се смета дека тие еволуирале заедно. Интелигенцијата генетски се пренесува на потомците во вид на широк спектар најразлични особини како елоквенција, бистрина и смисла за хумор.

Без разлика дали се прифаќаме како сапиосексуалци или не, фактите укажуваат на тоа дека на на поширок план таа го дефинира секој од нас. Патем, очигледно е дека човечката популација не би стигнала до овде каде што е и интелигенцијата, доколку низ вековите таа не била една од најважните особини.

GOLD
To Top