Новости

Психологија

Три чекори за подобрување на вашата емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција ве обликува во функционална, сочувствителна, добро приспособена личност. Човек со висока емоционална интелигенција може да ги идентификува и да управува со сопствените емоции и со емоциите на другите. Доколку ги познавате само емоциите среќен, тажен и лут, тогаш време е да ги проширите видиците и да ја зголемите вашата емоционална интелигенција.

Емоционалната интелигенција е потценета и е засенета од обичната интелигенција. Но не треба да биде така. Во 2016 година „Фест компани“ ја нарече емоционалната интелигенција една од најбрзо растечките работни вештини, и дека работодавците и менаџерите за регрутирање ја ценат многу повеќе отколку обичната интелигенција. Според Извештајот за иднината на работните места на Светскиот економски форум, емоционалната интелигенција ќе биде една од 10. најдобри вештини за работа во 2020 година. Но зошто баш токму емоционалната интелигенција? Затоа што луѓето со EQ подобро разбираат и сочувствуваат со другите, што ги прави подобри и повнимателни тимски играчи.

Зголемувањето на вашата EQ може да значи излегување од вашата удобна зона. Според истражување од Универзитетот „Беркли“ направено во 2017 година, истражувачите идентификувале 27 различни емоции: непријатност, забавување, обожавање, восхит, радост, страхопочит, копнеж, естетско почитување, смиреност, восхитување, носталгија, збунетост, анксиозност, страв, хорор, одвратност, сексуална желба, романса, лутина, болка, тага, изненадување, олеснување, возбуда, интерес, задоволство и досада.

Сега, кога ја разбравте важноста на ЕQ, потребно е да знаете како можете да ја подобрите вашата. Неврологот и психолог Лиза Фелдман Барет предлага три чекори за подобрување на вашата EQ.

1. Препознајте широк спектар на емоции. Ова Берет го нарекува „емоционална грануларност“. Ако сè што знаете да идентификувате е „јас среќен/среќна“, „јас тажен/тажна“, сè што ќе почувствувате е среќа или тага. Откако ќе им ја дадете заслугата што ја заслужуваат сите 27 емоции, тогаш ќе почнете да ја истражувате грануларноста на чувствата. Вашиот мозок ќе има многу повеќе опции за предвидување, категоризирање и перципирање на емоциите, обезбедување алатки за пофлексибилни и функционални одговори.

2. Научете нови зборови за специфични емоции. Норвежаните имаат збор за интензивна радост или заљубување – „forelsket“. Ако мислите дека ова е подобар збор за екстатично, размислете за ова. Дали „жалење“ е исто со „болка во срцето“? Се разбира не. Сепак, и двата збора спаѓаат во категоријата „тага“. Откако ќе научите нови зборови за специфични емоции, можете да продолжите со проширување на вашата емоционална грануларност.

„Зборовите ги зацврстуваат вашите концепти, концептите ги водат вашите предупредувања, предупредувањата го регулираат вашиот „буџет“ на телото и вашиот „буџет“ одредува како се чувствувате. Затоа, колку поголем речник имате за емоции, толку попрецизно мозокот ќе го калибрира вашиот буџет кон потребите на вашето тело. Всушност, луѓето кои покажуваат поголема емоционална грануларност одат на доктор поретко, поретко употребуваат лекови.

3. Создајте нови емоции. Кој вели дека не може? Ако немате збор за одредено чувство што го доживувате, неговото именување може да го направи реално, со што ја проширувате вашата емоционална грануларност. Слушнете го вашето тело кога ќе забележите чувство и не потпирајте се на речник за да ви каже што се случува.

GOLD
To Top