Новости

Психологија

Ако немате можност да прошетате низ светот, вратете ги старите пријателства

Ако немате можност да прошетате низ светот, вратете ги старите пријателства! Малку е несватлива оваа реченица, но советувањето зборува за прошетката наречена ,,времеплов”.

Верувајте, исто е задоволството што би го почувствувале доколку видите некоја атракција или светско чудо. А што може да биде поголемо чудо од тоа повторно да ја сретнете онаа личност и она ,,јас” што ве претставувало некогаш. Зборувајте за убавите спомени, прошетајте со мислите кон забавните и луди моменти, зборувајте за тоа колку ви фалат тие спомени кои ќе си ветите дека ќе ги обновите. И не, нема да бидат исти, но може да бидат подобри! Дозволете си го тој времеплов на умот и исчистете ги негативните моментни чувства или разочаривања со потсеќање само на позитивните од некогаш. Не влечете ги за уши лошите денови и со старите пријатели вратете се на она место каде ви било најдобро. Потоа задржете ја таа позитива, таа ,,сончева” вибрација и не дозволувајте ни еден дожд од иднината да ја избрише оваа прошетка низ времето.

Евротип
Евротип
To Top