Новости

Психологија

,,Ако никогаш не си бил очаен, не си интересен.” Маестралниот Џим Кери со мудри цитати

Единствен, маестрален, талентиран. Мајсторот на комедијата, актерот Џим Кери, го знаеме по многу филмови кои ни предизвикале смеа до солзи. Но, велат дека оној кој е способен да пренесе, измисли, раскажи или одглуми комична ситуација, е мудар човек затоа што таа е многу потешка од самото создавање на трагедијата. Токму таа мудрост се наоѓа во прекрасниот ум на овој холивудски актер, а еве и неколку од неговите познати цитати кои го докажуваат токму тоа.

* Мојата душа не е заробена во границите на моето тело. Моето тело е заробено во бесконечноста на мојата душа.

* Мојот фокус е да заборавам на болката во животот. Заборави ја болката, потсмевај ѝ се, намали ја. И смеј се!

*Сметам дека сите би требало да бидат богати и славни и да го прават она што отсекогаш сонувале да го направат, за да сфатат дека тоа не е клучно.

* Ако не сте присутни во моментот, или гледате напред кон неизвесното, или назад кон болката и каењата.

* Подобро е да ризикуваш да прегладнеш до смрт, отколку да се откажеш. Ако се откажеш од своите соништа, што ти останува?

* Потребата и трудот да ве прифати од околината, може да ве направи невидливи во овој свет.

* Ако не си очаен во одредена точка од животот, не си интересен.

* Некои утра кога се будам и седам додека го пијам кафето, гледам кон градината со воодушевување и си велам: ,,Запомни колку е добро ова што го имаш. Бидејќи можеш лесно да го изгубиш.”

* Има голема разлика помеѓу кучето кое во вашиот ум изгледа дека може да ве касне и помеѓу кучето кое реално ќе ве касне.

* Позади секој голем маж стои жена која превртува со очите.

* Според мене, луѓето не можат да научат ништо, без да ја искусат депресијата.

* Обожавам да глумам его и несигурност истовремено.

* Ако не преземам ризик, тоа значи дека не сум среќен. Стравот значи , соочување со позитивен предизвик.

* Највредната валута која постои е ефектот кој го имате на другите

* Навистина верувам во филозофијата дека сам си креираш сопствен Универзум. Се обидувам да создадам еден прекрасен за себе.

Евротип
Евротип
To Top