Новости

Психологија

Ако сакате откажете се од цел свет, но од себе си не!

Во животов среќаваме на многу луѓе, различни ,,табиети”, злобни, добри, арогантни, помалку и повеќе лоши.

Но, едно едно е сигурно. Сите се различни, па и колку некој да наликува на вас, тоа не сте вие.
Ех, сега ќе се најдеме и во различни приказни, како епизоди или серијали, како краткометражни филмови или цртани филмови. Каква ќе биде вашата улога во нивниот филм, тие одлучуваат. Каква ќе биде вашата улога, во вашиот филм, вие одлучувате. Па колку и да сте работеле на ,,ликот”, може да не ве разберат.

Како и да е, да си признаеме, понекогаш се задолжителни маски. Едноставно, метаморфозата е дел од нашето опстојување. Но, и покрај актерот во нас и фактот што етапно сме се наишле во ситуација да глумиме други улоги, никогаш не заборавајте од каде сето тоа почнало и кои сте вие.

Вие сте одлучиле да ви се случи ваквиот живот.Токму вие сте се одлучиле за тој лик. Вие сте одлучиле да влезете во таа приказна. Но, кој сте вие? Не дозволувајте да ви го одземат тоа ЈАС од вашиот ,,храм”. Колку и да е мало, колку и да е запоставено, колку и да е инфантилно, дете, емпатично, па макар и антипатично.

Чувајте ја основата и никогаш не заборавајте од каде сте започнале. Сонцето е исто така само, но не престанува да свети!

Евротип
Евротип
To Top