Новости

Психологија

Ана Бучевиќ – брилијантен мотивациски говорник кој ќе ве натера да го гледате животот од поинаков агол

Ана Бучевиќ е една балканска авторка која меѓу другото е и воодушевувачки добар мотивациски говорник од кого можеме многу нешта да сфатиме за светот кој не опкружува, па истито да го гледаме од поубавиот агол. Се е со причина, вели Ана, подучува што да им правиме на негативите мисли и низ нејзината психолошка интерпретација, преку примери ни објаснува за љубовта, како да успееме во животот и како едноставно да бидеме среќни.

Нејзините видеа се фасцинантна претстава на позитивната страна на универзумот која веројатно е време да ја погледнеме. Тие имаат психолошка, па дури и философска големина, но истовремено се гледаат и со таква леснотија и како лаици, а откако ќе завршите со нив, дури и ќе се чудите како сте научиле толку релевантни нешта кои го олеснуваат нашето секојдневие, општото живеење и битусување.

За оние кои не ја знаеле до сега, време е да го научат нејзиното име и да научат да живеат во вортекс. Во продолжение погледнете едно од нејзините видеа.

GOLD
To Top