Новости

Психологија

Би простиле ли неверство? – Овие хороскопски знаци нема лесно да се откажат и покрај болката!

Неверството е она забрането јаболко кое веројатно знае да биде толку примамливо, па некои личности ќе посегнат и ќе го вкусат. Но, што се случува, ако во една љубовна врска се случи тоа ,,кршење”? Ќе може ли да се залепат деловите лесно или едноставно тоа е нешто што не може да се прости и заборави?

Сепак според астрологијата, постојат хороскопски знаци кои можеби ќе ја почувствуваат таа неминовна болка, ќе се противат кон себе си и кон светот, но нема туку – така лесно да се откажат!

Близнаци

Овој променлив знак ќе прости неверство, но никогаш нема да знаете зошто или кога го направил тоа. Близнакот е толку непредвидлив што може веднаш да прости, но сепак ќе сака да зборува за целата ситуација со денови. Понекогаш има скриени мотиви за збогување, пишува Zadovoljna.hr

Рак

Исклучително чувствителниот воден знак е толку сочувствителен што веднаш ќе прости неверство ако другата страна покаже колку и е жал за се што се случи.

Вага

Вагите не сакаат конфликти и кавги, затоа не обвинуваат никого само за да го одржат мирот. Затоа ќе ја простат измамата. Што и треба на Вагите за да го стори тоа? Причината зошто настанала измамата. Кога ќе дознае, брзо ќе продолжи со својот живот.

Водолија

Овој мирен и слободоумен знак мисли дека единствената исправна работа е да се опрости. Водолиите можеби нема да простат веднаш, но процесот на простување може да се забрза ако добијат јасно и логично објаснување зошто настанала прељубата.

Риба

За разлика од тврдоглавиот бик, кој ќе се буни поради предавството до крајот на животот, благите риби не сакаат да носат непотребен товар на својата душа. Рибите сигурно ќе простат, но им треба простор и време за да размислат за она што се случило и да се помират со ситуацијата.

Евротип
Евротип
To Top