Боите влијаат на нашето расположение – Еве што симболизираат тие штом ги користите во ентериерот

Ако некогаш сте се нашле во дилема која боја да ја изберете за вашиот животен простор, можеби не е лоша идеја да ја следите филозофијата на фенг шуи и да усвоите нешто од таму.
Боите влијаат на нашето однесување и поттикнуваат одредени емоции кај нас, па при изборот на истите треба да земеме во предвид која соба ја избираме, колку е голема и за кои луѓе е наменета.
1. Црвената боја се користи за стимулација, но ако не ви се допаѓа, не ја избирајте, бидејќи ќе поттикне негативни емоции наместо позитивни.
2. Портокаловата боја
Промовира чувство на среќа и го подигнува расположението.
3. Жолтата и златната симболизираат моќ, поттикнуваат здравје, трпение и мудрост.
4. Зелената боја претставува раст и нови почетоци, исцелување и свежина.
5. Розовата боја симболизира љубов, пријателство и партнерство.
6. Сино-зелената или тиркизната ја зголемува самодовербата, означува младост и нови почетоци.
7. Сината боја поттикнува мудрост и интроспекција.
8. Виолетова боја симболизира духовност, богатство и авантура.
9. Црната боја поттикнува мистерија и размислување.
10. Белата е боја на јасност, прецизност и комуникација.
