Новости

Психологија

„Минато не ве прави она што сте, туку ве подготвува за она што ќе бидете!“ – 4 Совети за надминување на животните препреки!

„Истрајноста е многу подобра од перфекцијата!“ Во овој контекст, бидете трпеливи, но не запирајте. Иако некогаш ви се чини дека ова е крајот, животот секогаш знае да изненади со некои нови нешта кои не сте ги очекувале. Само продолжете да чекорите, не застанувајте, не се вртете назад. Спаковајте ги куферите од тоа „назад“ и гледајте пред себе!

„Само затоа што се борите, не значи дека вие пропаѓате!“ Не! Борбата не застанува смешно, безвредно и смирено. Таа треба да биде жестока и да цели кон победа. Колку и да губите, ништо не завршува се додека вие не речете КРАЈ!

„Денешната болка ќе биде утрешна моќ!“ Побарајте ја таа верба во чуда. Сигурно е сокриена длабоко во вас, само се чека да го стиснете тоа дугме и да знаете дека утрешниот ден ќе ве пречека сонцето и покрај поројниот дожд што сакал да ве натера да мислите дека се завршило!

„Вашето минато не ве прави она што сте, туку ве подготвува за она што ќе бидете!“ Што и да сте направиле во минатото, оставете го зад вас. Заборавете го. напишете го на лист хартија, стуткајте, го искинете го и исфрлете го. Потоа простете си себе си и запомнете дека тоа се ваши грешки, ваш живот, ваш избор! Изберете мудро!

GOLD
To Top