Новости

Психологија

Вие сте токму таму каде што треба да бидете – Совети за духовно здравје!

Во процесот на нашето битисување, често пати знаеме да се запрашаме како сме стигнале до овде и зошто ова ни се случува. Но, еднаш треба да разбереме дека се случува со причина, ние се наоѓаме токму на она место каде што треба да бидеме.

…И ако сакаме оваа трка да ја истрчаме успешно, треба да ни биде јасно дека целиот наш живот е борба и процес кој треба постојано да го исполнуваме. Со други зборови, тоа е вежба. Вежба која нагласува дека треба постојано да се потсеќаме дека треба да веруваме. Во она што следи, во она што е. Луѓето не без потреба се во нашето моментно опкружување. Не без потрдба ја имаме таа работа, тој партнер, таа улога, таа куќа, тој дом. И не е тоа во трето лице. Туку е наше. Наш дом, наш живот. Макар и колку да сме си го замислувале поинаку.

Еднаш треба да се прифатиме токму онакви какви што сме и да не се обидуваме на сила да се трансформираме во нешто што не сме. Треба да си простиме, да се засакаме себе си и да продолжиме понатаму, прифаќајки го нашето циркулирање во овој живот како природен и ненаметлив процес, кој всушност е благодет и награда од Бога.

Самиот факт што сме на ова место е лотарија во која ,,некој” не извлечил. Наше е дали ќе ја уживаме среќата или ќе ја осудуваме. Се е променливо и ништо не трае вечно. Бидете како вода и научете да се прилагодувате на промените кои доаѓаат. Кога ќе дојдат тешки времиња, променете ја својата перспектива.

Сите грижи, кавги, вина, жалење и тага произлегуваат од животот во минатото или иднината. Само кога живееме во сегашниот момент, можеме да ја смениме нашата перспектива. Љубете и чувствувајте вистинска љубов, што може да го постигнете само доколку го апстрахирате стравот. Ослободете се и од контролата. И не обидувајте се да ги зауздате нештата. Нештата се случуваат и не е се во ваши раце.
За крај, научете правилно да се молите и правилно да ги насочите вашите желби.

Тоа е вистинска молитва, да не барате што сакате, туку да ги прифатите сите животни благослови и да бидете благодарни за сè.

СН Брокер
To Top