Новости

Психологија

Во животот ужива тој што НЕ знае премногу!

Во денешното општетсво, во временските интервали пред и после пандемијата, со посебен акцент после неа, се повеќе се покачува бројот на т.н. хипохондрици. На што се должи тоа?

Денес, медиумите, а особено социјалните мрежи, не преплавуваат со информации, но дали секому треба да му веруваме? Сите знаеме дека одговорот е повеќе во негативна конотација и затоа последователно проверуваме и ги истражуваме изворите. Но, дали така несвесно стануваме премногу информирани и сите некако стануваме, психолози, професори, доктори, музичари… Апро по, би рекле дека интернетот е единствениот тунел од кој не излегуваме во светлина, единствениот акт кој нема цензура. Нема стоп, нема граница, едноставно тоа е јама во која или може да пропаднете или да пропаднете уште подлабоко.

Потоа се јавуваат прашалници и извичници за тоа колку сме всушност ние слични со испитаниците на конкретната тема која ја читаме или пак пораките кои токму нам ни се случуваат, болестите кои ги пишува таму се адекватни на нашата состојба, а да не зборуваме за психичките и психолошки моменти кои секако дека не погодуваат.

Треба ли секогаш да знаеме од повеќе? Треба ли секогаш се да знаеме и да ги користиме изворите, или пак слепо да им веруваме на вестите? Можеби понекогаш е подобро да направиме план и да заклучиме дека чистите полици ни создаваат чисти мисли, во некоја метафорична смисла, па од тука да престанеме да знаеме премногу, или барем да научиме која е границата и ако некој не сака да ни стави граница и цензура, време е сами да го направиме тој чекор.

Среќата е во малите нешта, а понекогаш и најдоброто нешто како знаењето, може да биде големо цело кое може да ни ја уништи токму таа среќа.

Евротип
SNBROKER
To Top