Новости

Психологија

Времето поминува, а ние само зборуваме дека ќе направиме нешто! – Каде ни е амбицијата?

Времето поминува, не гази. Постојано се слуша тоа „тик – так“ и одѕвонува еден глас низ главата кој ни шепоти:,, Немаш време, побрзај! ”

А брзаме или тоа се само панични напади?! Паника за тоа каде и кога ќе стигнеме? А знаеме ли што точно сакаме?!

Има луѓе кои направиле нешто во овој живот и свесно ги гледаат нивните резултати, но има и такви кои успехот не го доживуваат, ами нивниот,, живот” се случува постхумно.

Кои сакаме да бидеме?

Постојано се жалиме за тоа што сакаме да сме и знаете што? Знаеме како, но се плашиме да излеземе од нашата удобна зона и токму таму да го дофатиме сонцето. Каде е амбицијата? Веројатно потисната зад стравот на оддолжувањето или она што се нарекува неодговорност.

Бидете одговорни пред самите себе и конечно превземете акција, па контеолирајте го вашиот живот. Кога еднаш ќе започнете, верувајте! Кога еднаш ќе зачекорите на првата скала бидете свесни дека може само да добиете. Ништо не би изгубиле, само ќе бидете во чекор со тоа,, тик – так”!

Евротип
SNBROKER
To Top