Новости

Психологија

Дали треба да му веруваме на оној кој го запознаваме? – Психолозите посочуваат неколку знаци

Психолозите од Хардвар ги разгледуваат прашањата околу тоа што се мислиме кога ќе запознаеме некоја личност. Можеме ли да му веруваме и дали може да ги почитуваме?

Вистинската тајна во градењето потрајна врска оди многу подлабоко од тоа како фиички изгледаме, што носиме и како се однесуваме, тврдат психолозите. Професорката Ејми Кади од бизнис школата на Харвард, 15 години ја истражува темата за првите впечатоци и открила дека при првата средба свесно или несвесно се наметнуваат двете споменати прашања.

„Двете прашања ни помагаат да ја откриеме и би рекле измериме топлината наклонетоста на една личност. Ако некој не ви верува кога се обидувате да влијаете врз него, тогаш нема да стигнете далеку. Можеби ќе оставите дури и впечаток на манипулатор. Да се ​​биде доверлива личност на која луѓето и се восхитуваат, откако ќе стекнат доверба, е подарок, објасни таа во нејзината книга Presence: Bringing Your Herest Self to Your Biggest Challenges, пренесува Readers’ Digest.

Обрнете внимание на невербалните знаци

Според истражувачите, 50 до 80 проценти од комуникацијата меѓу луѓето се одвива на невербален начин, па често ги оценуваме луѓето според нивното однесување и став. Според научниците, жените се подобри во тоа.

При „читање“ на другите луѓе се земаат предвид неколку ликови одеднаш и после тоа се добива вистинската слика. На пример, ако некој додека гледа надесно, дише брзо, брзо зборува и си го чеша носот, можно е да ја избегнува вистината.

Ако некому му е збрчкано челото, тоа значи дека е под стрес. Рацете вкрстени на градите откриваат дека мажот не е подготвен да помогне, односно дека зазел одбранбен став кон вас. Правилниот став покажува дека некој е динамичен и оптимист, додека кривата поза открива досада.

Дишењето открива многу за една личност

Опуштениот човек дише бавно и длабоко, а плитко и брзо ако е напнат. Во случај на нервоза, дишењето може да биде прекинато. Понекогаш тоа укажува и на голема срамежливост или дека личноста со која зборувате, крие нешто од вас. Оние кои дишат бавно, најверојатно ја кажуваат вистината.

Луѓето кои размислуваат многу имаат проширени зеници, но ако мозокот е преоптоварен, тие ќе се стеснуваат. Кога ќе запознаете некоја нова личност, треба да имате во предвид дека ако неговите зеници останат проширени, тоа значи дека му се допаѓате и дека сте му интересни.

Понекогаш треба да се посвети повеќе внимание на тоа како некој ги изговара зборовите отколку на она што го кажува. Имено, брзиот говор ќе ја открие нервозата, а бавниот говор значи дека личноста е опуштена. Исто така, додека зборуваат, луѓето несвесно нагласуваат некои зборови и добро е да се внимава на нив.

Дали ви е здодевно со соговорникот и тој ве слуша само од пристојност, ќе препознаете по тоа дека ќе почне да го трга погледот од вашите очи и ќе почне да се нервира. Исто така, доколку соговорникот зборува тивко, можно е да е несигурен, пренесува Spirit Science and Metaphysics.

Извор: Index.hr

Евротип
SNBROKER
To Top