Новости

Психологија

Да сакаме или само да сме сакани? – Љубовта и нејзините услови

Не зборуваме само за односите помеѓу љубовните партнери, туку посочуваме на воопштена љубов што ја чувствуваме кон пријателите, семејството, блиските, околината.

Но, ја даваме или земаме?

Треба ли љубовта да има услови? Треба ли секогаш да чекаме нешто за возврат? Постојат ли правила и кој ги пишува?

…И како би ви било подобро, да сакате или да ве сакаат, ако веќе треба да бирате?

А бираме. Секогаш! Свесно или несвесно.

Но, вистинска љубов не е онаа која ја прифаќаме во нашата удобна зона. Или онаа каде само не сакаат! Вистинската љубов е во давањето, дарувањето поддршка, споделувањето среќа, емпатијата, сочувството.

И во доброто и злото да сакаш! Е тоа е љубов! А за возврат, оставете му на универзумот, Бога или во што и да верувате да си ја завршат понатамошната работата!

Евротип
SNBROKER
To Top