Доволна ли е само вљубеноста за врска и што значи навистина да се сака?

Љубовта и среќата велат дека одат заедно, но дали за таа нераскинлива нишка треба константно да се трудиме за да би останала таква?
Веројатно да.
Љубовната врска, е пред се пријателство помеѓу партнерите кое не мора да биде засновано врз исти афинитети, но во тој однос грижата околу она што го посакува партнерот, треба да постои и да се почитуваат тие аспирации. Никој не може да ни наметни нешто што не ни е по волја, но затоа почитта е онаа што треба да ја добиваме, а за возврат треба да ја дадеме и да го поддржиме партнерот.
Но, ние би рекле да ја поддржиме среќата. Монотонијата може да ја уништи и скрши таа врска помеѓу среќата и љубовта, затоа треба внимателна грижа и работа околу сето тоа. Понекогаш ги имаме сите услови за да бидеме среќни, но тоа не ни е доволно, па бараме уште. Од себе си, од партнерот, од животот. Затоа најдобро би било пред се да ги запознаеме потребите на партнерот и што го прави навистина среќен тој човек, па последователно обострано да си ги исполниме нашите желби.
Пробајте да ги усреќите луѓето околу вас, па само така и вие ќе бидете среќни! Пфобајте,затоа што само овие две нешта немаат цена, а се исплаќаат. И тоа како!
