Новости

Психологија

Докажано е – паметниот телефон е новиот порок кој може да го уништи бракот

Порочливоста е особина која воопшто не е посакувана како дел од една личност, но најмногу може да наштети во еден брак. Постојат различни пороци, а досега имавме слушнато за алкохолот, цигарите, дрогата, коцката како пороци. Но, денешницата носи нови навики, кои полека преминуваат во пороци, а еден од нив е паметниот телефон.

Паметниот телефон може да му наштети на бракот

Недоволната посветеност кон партнерот, може да се должи од поминатото време пред телефонот, а причините се постојаниот замор во однос на нормалната комуникација со партнерот.

Добивате недоволно внимание

Телефонот е на прво место и веројатно е попаметен од она што вие имате да го кажете. Звучи смешно, но вие имате нереален противник. Трета фигура во вашата врска која треба да се отстрани.

Премногу информации и погрешни совети

Интернетот е многу моќен медиум и светот денес го имате буквално на дланка. Но, во него за жал ќе наидеите на магазини со статии и текстови кои не се стручно поткрепени, а таму пак ќе пронајдете совети во кои многу лесно можете да се огледате, а потоа тамошните проблеми ќе ги споредите со вашите проблеми и од тука, голема е веројатноста да направите далеку поинаква слика за вашата врска од она што сте.

Виртуелниот свет е магична кутија што понекогаш не треба да се отовора

Ако порано партнерите изневеруваа, луѓето верувале во натприродни сили, магии и злонамерни девојки и момци кои со нивното физичко присуство, знаеле да растурат бракови. Денес, целата таа магија е во виртуелниот свет. И изгледа е повеќе од очигленно дека флертувањето е таму најнормален начин на комуникација.

Паметниот телефон е модерната кутија со спомени и тајни

Секој од нас има спомени. Сите имаме фотографии кои не потсеќаат на приказни, убави, лоши или таинствени слатки несташлуци за кои не сакаме никој да знае. Ок, тоа се вика приватност, но денес, достапноста до фотографиите од минатото и сите тие приказни кои треба да звршат во историја, а не да се појавува како модерен „flashback“ е многу поголема и веројатноста да се отвори пак таа кутија е далекуповеројатна. Тоа би значело дека денес, на човек му е многу полесно да се слушне со ѓаволот барем уште еднаш и така лесно да излезе од вратата која никогаш повеќе нема да му се отвори. Ризикиот полесно се превзема, а искушението е достапно и има фотографија секој ден на „storу“. Фотографија која сепак ќе се отвори.

Во контекстот, не зборуваме да станете болно љубоморна личност и да сметате дека вашиот партнер сигурно ве изневерува на било каков начин кога е со телефонот во раце, но бидете внимателни, ако таа навика се зголеми, затоа што и тоа како може да премине во порок кој лесно може да ја уништи вашата врска или вашиот брак.

GOLD
To Top