Новости

Психологија

 Експертите одговараат на интересно прашање – Зошто имаме впечаток дека сме поубави во огледалото отколку на фотографиите?

Многу луѓе имаат впечаток дека се многу поубави во огледалото отколку кога се фотографирани со камера, но експертите даваат кратко објаснување.

Колку пати ви се случило да се подготвите три часа за состанок, да се погледнете во огледало, сè да изгледа совршено, а потоа сликите се апсолутна катастрофа. Или дури и ако изгледате најдобро на некои фотографии, ќе забележите дека изгледате драстично поинаку отколку во реалниот живот.

Американскиот психолог со полско потекло, добитник на наградата на Американската психолошка организација за исклучителен научен придонес во психологијата, Роберт Зајонц, со различни експерименти докажа дека луѓето реагираат позитивно и веруваат само во она што најдобро го знаат.

Кога човек ќе ја погледне својата фотографија, тој ненамерно ја споредува со сликата која цврсто се формирала во неговата глава, а тоа е неговиот одраз во огледалото.

Она што е интересно за огледалата е тоа што тие не даваат вистинска слика за предметот или личноста што се пресликува. Сликата на кој било предмет или личност што се пренесува преку рамно огледало всушност е формирана од зраците што се рефлектираат од неговата површина. Човечкиот мозок е дизајниран целосно да ги игнорира овие кривини, па кога ќе се погледнете во огледало, човекот изгледа како да стои на одредено растојание од него и светлината се наведнува околу делови од неговото тело.

Со други зборови би рекле, очекувањата се едни, но реалноста е поинаква. Не е одбиноста во прашање, туку раочарувањето дека не е се така како што замислуваме.

Евротип
SNBROKER
To Top