Новости

Психологија

„Животот вреди да се живее“ – Кијану Ривс, позитива на денот што не потсетува дека среќата е награда за добрината

Неурологот Ричард Дејвидсон, во една прилига изјавил дека добрината и правдината се одлики само на интелегентните луѓе.

Кијану Ривс, веројатно е дел од овие луѓе. Тој е единствениот холивудски актер кој не се однесува надмено, не живее во луксуз, затоа што како што тој вели: ,,Јас имам стан во кој имам се! Што ќе ми е празна голема куќа?” Се вози со метро, користи јавен превоз, а неговите пари ги дава на оние места каде што е потребно, во хуманитарни цели.

„Треба да сме благодарни за тешките времиња, затоа што тие не прават посилни“ – во една прилика вели актерот. Негoвиот живот поминал низ многу падови и трагедиите едноставно се редеle без престан. Сепак, актерот и покрај се, знае да остане приземјен и добра личност како што Холивуд никогаш не ни замислувал дека ќе има.

„Животот вреди да се живее. Без оглед на моите трагични настани, сепак одлучувам да живеам.“ – вели храбриот Ривs. Според него, уметноста е всушност процес во кој треба да го најдеме најдоброто кај луѓето, па потоа светот да се изгради како чувствително место, а повторното раѓање се случува после деструкцијата понекогаш, што според него би значело дека непријателите можат да ни бидат најдобри наставници.

Кијану е вљубен во љубовта и за себе вели дека се труди да ги отпоздравува сите и да им подари насмевка и прегратка, а тоа значи живот, а тоа значи убавина на животот, што не смееме да ја пропуштиме.

И покрај тоа што актерот има изгубено љубов, дете, го изгубил и најдобриот пријател и што уште не, тој секогаш се заблагодарува на земјата и небото за се она што го има.

Кога овој човек може да биде толку добар, не гледаме причина зошто да не би биле и ние. Добрината е техника, а техниката е умешност да го сакаме и оној кој најповеќе го мразиме. Уживајте во животот, бидете благодарни, не трошете време на омраза, завист, одмазда и сите тие други негативни емоции и афирмации кон универзумот кои ја дразнат душата и се појавуваат како фидбек кој од своја страна ќе изгради една злобна личност што ќе ве претставува токму вас.

За крај, Кијану потсетува дека личноста која може да ве раздели од среќата сте само вие. Никој друг. Пробајте да бидее добри, а среќата ќе ја добиете како награда за тоа.

GOLD
To Top