Новости

Психологија

Замислете! Ако постојано се жалите, ќе имате подолг живот!

Според едни истражувања од германски научници, на кои биле надгледувани 6000 испитаници, се докажало дека оние луѓе кои имаат навика постојано да зборуваат за нивното лошо расположение и да се жалат, живеат многу подолго од останатите.

Сите имаме барем еден човек со оваа лоша навика или едноставно ако можеме така да го наречеме стил на живот. Според нивното константно обрзаложување дека нешто не е во ред со нив, со светот, со нивното здравје за кое се во постојана паника дека е во лоша состојба, до сега бевме скоро убедени дека животот на овие луѓе би бил пократок од нашиот. Но, според овие истражувања и тоа како сме погрешиле!

Овие луѓе се помалку погодени од психички и физички заболувања, а додека останатите најчесто имаат повеќе здравствени проблеми, како појава на кардиоваскуларни болести, рак, проблеми со бубрезите, зголемен крвен притисок.

Според овие сознанија, експертите советуваат дека е подобро да се искажуваат или изразуваат негативните емоции, а не да се чуваат во себе, се со цел да би имале години „предност“ во финалето од трката на животот. Но, сепак колку години се во прашање… Е тоа не го испитале!

GOLD
To Top