Новости

Психологија

Знаци дека на љубовната врска му дојде крајот

Почетокот на секоја љубовна врска е исполнет со романтика, тука постои ентузијазам, бајковити емоции, адреналин, страст… Но, за жал доаѓаат и моменти кога сето тоа бледнее. Или подобро би се рекло, токму како што сте се заљубиле преку ноќ, исто толку брзо можете и да се ,,одљубите”. Крајот ли е тогаш? Како да знаете дали љубовната врска се ближи кон тоа.

SLOVENIJA , IDRIJA , APRIL 2003
ANTONIJEV ROV, RUDNIKA ZIVEGA SREBRA, KI JE ODPRT ZA TURISTE. V ROVU JE PRIKAZANO DELO IN TEZKI POGOJI ZA DELO RUDARJEV OD LETA 1500 DO ZAPRTJA RUDNIKA.
FOTO: TINA KOSEC/BOBO

Разговорот за вашата иднина не е повеќе присутен

Во вашите обраќања и комуникација нема повеќе споделување на идеите за тоа како вие двајца се гледате во иднина. Иако некогаш сте зборувале и сте ја планирале дури и вашата свадба, какво семејство ќе имате и сте се замислувале многу далеку, дури во длабока старост, сега ништо нема од таа визуелизација. Ова е можеби првиот сигнал дека страста за опстојувањето н0а вашата врска полека гасни.

Ги избегнувате среќните парови

Веќе одамна не можете да го поднесите присуството на среќните парови. Нивната среќа за вас е притисок и едноставно ве гушат прашањата од типот:,,А што правиме ние?! ”

Се помалку се употребуваат зборовите:,, ТЕ САКАМ!”

Кога некого се љуби, тешко е да се одолее на нежноста, но во мигот кога тоа искажување на емоции дојде до ситуација да ви звучи пстетично, бедно и присилено, започнува крајот. Ако едвај го велите ова, го заборавате и го чувствувате како терет или некое правило и обврска, нешто не е во ред.

Избегнувате интимност

Порано сте уживале во ваквиот чин, а сега не можете да се замислите до таа ,,крајност”. Ако избегнувате дури и прегратка или бакнеж, време е секој од вас да продолжи по друга патека.

Ја забележувате секоја маана кај партнерот и тоа ужасно ве нервира

На почетокот на врската сте го прифатиле партнерот токму онаков каков што е. Воопшто ништо не ви пречело, а сега од ,,такт” ве вадат и најмалите ситници и не можете да опстоите во негово присуство. Ако ова е така, за жал време е за разделба, за крај, за нов лист, за нова врата, нова врска.

Понекогаш најдобриот почеток е крајот. 

Евротип
SNBROKER
To Top